Нордхаузен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Нордхаузен

Nordhausen

Стариот град на Нордхаузен
Стариот град на Нордхаузен
Стариот град на Нордхаузен
Знаме на Нордхаузен
Грб на Нордхаузен
Нордхаузен во рамките на Германија
Нордхаузен
Управа
Земја Германија
Покраина Тирингија
Округ Нордхаузен
Градски единици 12
Градоначалник Кај Бухман (независен)
Основни податоци
Површина 108,24 км2
Надм. височина 208 м
Население 40.969 (31 декември 2020)[1]
 - Густина 379 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. NDH
Пошт. бр. 99734
Повик. бр. 03631
Портал www.nordhausen.de
Местоположба на градот Нордхаузен во рамките на округот Нордхаузен
Карта
Карта
Координати 51°30′18″N 10°47′28″E / 51.50500° СГШ; 10.79111° ИГД / 51.50500; 10.79111Координати: 51°30′18″N 10°47′28″E / 51.50500° СГШ; 10.79111° ИГД / 51.50500; 10.79111

Нордхаузен (германски: Nordhausen; познат и како Нордхаузен на Харц; локален дијалект: Nordhusen) — град во округот истоимениот округ, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Претставува административно седиште на округот. Некогаш бил познат по неговата тутунска индустрија и сè уште е познат по неговиот дестилиран пијалак Nordhäuser Doppelkorn.

Географија[уреди | уреди извор]

Местоположба[уреди | уреди извор]

Нордхаузен се наоѓа помеѓу подножјето на Харц на север, ридскиот масив Голдене Ауе на југоисток и Ридигсдорфер Швајц на североисток. На север се граничи со Природниот парк Јужен Харц.

Низ градот тече реката Цорге, притока на Хелме, како и Залца, која го има најголемиот извор во Тирингија. Југоисточно од Нордхаузен се наоѓаат шест вештачки езера „Багер“, кои биле создадени во 1960-тите.

Нордхаузен претставува шести најголем град по бројот на жители во покраината Тирингија, многу близу со Ајзенах. Големи градови во негова близина се Гетинген (околу 60 км западно), Ерфурт (околу 61 км јужно), Хале (Зале) (околу 81 км источно), Брауншвајг (околу 87 км северно) и Магдебург (околу 91 км североисточно).

Градското јадро (денешниот стар дел на градот „Алтштат“) се наоѓа на мало возвишение, западно и јужно од него. Висинската разлика на градот се движи од 180 до 250 метри, поради што познат ознаките Горен и Долен Град (Ober- und Unterstadt).

Површината на градот изнесува 105,62 км2 (2019), што е 14,8 проценти од површината на самиот округ.[2] Најниската точка во градот е 165 метри, додека највисоката е 360 метри.

Градски единици[уреди | уреди извор]

Градот Нордхаузен ги опфаќа и следниве градски единици:

  • Билен, околу 1.370 жители, припоен на 1 јули 1994
  • Буххолц, околу 210 жители, припоен на 6 јули 2018
  • Хереден, околу 850 жители, припоен на 1 јули 1994
  • Хесероде, околу 660 жители, припоен на 1 јули 1997
  • Хохштет, околу 80 жители, припоен на 1 јули 1950
  • Хернинген, околу 350 жители, припоен на 1 јули 1994
  • Кримдероде, припоен на 1 јули 1950
  • Лајмбах со Химелгартен, околу 900 жители, припоен на 1 јули 1994
  • Петерсдорф, околу 390 жители, припоен на 1 декември 2007
  • Родисхајн, околу 320 жители, припоен на 1 декември 2007
  • Ридигсдорф, припоен на 23 март 1993
  • Залца, припоен на 1 јули 1950
  • Штајгертал, околу 400 жители, припоен на 1 април 1999
  • Штајнбрикен, околу 240 жители, припоен на 1 јули 1994
  • Штемпеда, околу 300 жители, припоен на 1 декември 2007
  • Зундхаузен, околу 1.200 жители, припоен на 1 јули 1994

Клима[уреди | уреди извор]

Клима на Нордхаузен
Показател Јан Фев Мар Апр Мај Јун Јул Авг Сеп Окт Ное Дек Годишно
Просечна максимална (°C) 2,7 4 8,1 13,1 17,1 20 22,5 22,4 17,8 12,6 7,1 3,3 6,4
Просечна минимална (°C) −0,9 −0,6 2,1 5,5 9,6 12,2 14,4 14 10,4 6,5 3,2 −0,2
Просечно кол. врнежи (мм) 49,09 40,62 45,02 41,45 55,22 61,19 56,97 58,83 43,54 42,04 49,29 56,57 599,83
Сончеви часови (дневно) 1,3 2,4 3,4 5,4 6,7 6,6 6,9 6,7 4,5 3,2 1,6 0,9 4,1
Извор: Josef Tauchmann: Das Klima des Südharzvorlandes. Nordhausen, Köhler, 2006, S. 119, S. 130 (1956–2005); weather.msn.com

Историја[уреди | уреди извор]

Царски град Нордхаузен
Reichstadt Nordhausen
Град

1220 – 1802
Местоположба на Нордхаузен
Нордхаузен во 17 век
Главен град Нордхаузен
Уредување Република
Историски период Доцен среден век
 -  Основана населба 650-700
 -  Царска слобода 27 јули 1220
 -  Потврдена
    царска слобода

1290
 -  Изградба на нов град 14 февруари 1375
 -  Приклучување во Ханза
1430
 -  Реформација 1523
 -  Отстапен на Прусија 1802
 -  Отстапен на Вестфалија 1807–13
Денес во  Германија

Градот е првпат споменат на 13 мај 927 година во документ на кралот Хајнрих Птичарот, но постоела и друга населба на истото место околу 650-700. Во 1220 година, императорот Фридрих II го прогласил за слободен царски град, а во 1430 година Нордхаузен се приклучил на Ханза. Во 1500 година станал дел од Долносаксонскиот круг и од истата година градот започнал да произведува ферментиран пијалак од жито, кој станал познат под името Nordhäuser Doppelkorn. Во 1523 година, Томас Минцер поминал некое време во градот, кога пристигнала и реформацијата.

По Вестфалскиот мир во 1648 година, голем дел од околината на Нордхаузен станал дел од Бранденбург-Прусија, иако самиот град останал независен. Во текот на Наполеоновите војни, пруските трупи го окупирале Нордхаузен на 2 август 1802 година; градот го загубил својот статус како слободен царски град во текот на германската медијатизација. Станал дел од Кралството Вестфалија создадено во 1807 година. По поразот на Наполеон Бонапарт, Нордхаузен бил вклучен во покраината Саксонија на Кралството Прусија создадено во 1816 година. Нордхаузен бил урбан округ од 1882-1950.

Во 1866 година била отворена железничка станица во Нордхаузен на железничката линија Хале-Касел од Хале.

Концентрациониот камп Мителбау-Дора бил сместен во близина на градот во текот на Втората светска војна со цел обезбедување работна сила за фабриката за ракети „Мителверк“ во Конштајн. На 3 и 4 април 1945 година, три четвртини од градот биле уништени во бомбардирањето на Кралските воздушни сили, при што загинале 8.800 луѓе, вклучувајќи 1.500 болни затвореници во касарните Белке во Нордхаузен.[3] Претходно на 24 август 1944 година, 11 бомбардери Б-17 го бомбардирале аеродромот во Нордхаузен како воена цел.[4] На 11 април 1945 година, Американците го окупирале градот, а на 2 јули го преземала Црвената армија. На 18 јули, советската администрација го основала Институтот Рабе за развој на советска ракетна технологија на основа на посовремените ракети Фау 2. Во мај 1946 година, Институтот бил приклучен во новиот институт Нордхаузен. На 22 октомври 1946 година, како дел од акцијата Осаваким во која биле депортирани околу 10-15.000 германски научници и инженери и нивните семејства, биле вклучени и 300 жители од Нордхаузен.[5] Многу од депортираните останале во Советскиот Сојуз до раните 1950-ти.

Нордхаузен бил дел од Источна Германија од 1949-1990 и бил администриран од Округот Ерфурт. По повторното обединување на Германија во 1990 година, Нордхаузен станал дел од повторно создадената покраина Тирингија. Неговиот средновековен центар бил повторно изграден. На 1 декември 2007 година, поранешните општини Петерсдорф, Родисхајн и Штемпеда биле припоени кон Нордхаузен.

Политика[уреди | уреди извор]

Градски совет[уреди | уреди извор]

Старото Градско собрание
Градската куќа, седиште на градоначалникот
Историската градска управа

Советот на градот Нордхаузен се состои од 36 избрани членови и градоначалникот. Последните локални избори биле одржани на 26 мај 2019 година.

На општинските избори од 2004 до 2019 година биле добиени следниве резултати:

Партии 2019 2014 2009 2004
Удел Места Удел Места Удел Места Удел Места
Демохристијански сојуз на Германија CDU 22,2 % 8 31,5 % 110 25,9 % 9 36,0 % 140
Социјалдемократска партија на Германија SPD 17,4 % 6 29,2 % 110 35,3 % 130 28,7 % 110
Левица# LINKE 21,8 % 8 23,2 % 8 22,0 % 2 25,4 % 9
Слободна демократска партија FDP 7,2 3 05,2 % 2 07,3 % 3 05,0 % 2
Алтернатива за Германија AfD 21,0 % 8
Сојуз 90/Зелени GRÜNE 09,1 % 3 06,9 % 3 06,3 % 2 04,8 % 0
Националдемократска партија на Германија NPD 01,3 % 0 03,9 % 1 03,1 % 1
Места 36 36 36 36
Излезност 53,4 % 42,1 % 48,6 % 40,8 %

Градоначалник[уреди | уреди извор]

Градоначалникот од 1994 година се избира на непосредни избори со мандат од шест години. Од октомври 2017 година, градоначалник на градот Нордхаузен е независниот кандидат Кај Бухман.

Збратимени градови[уреди | уреди извор]

Нордхаузен е збратимен со:

Сообраќај[уреди | уреди извор]

Од јули 1897 година, Нордхаузен Норд е јужната крајна точка на железницата со тесен колосек Харц. Врската до важната обична железница Хале-Касел била воспоставена во 1866 година. Трамвајската мрежа во Нордхаузен е важен дел од јавниот превоз во градот.

Образование[уреди | уреди извор]

Нордхаузен има Универзитет за применети науки (Fachhochschule), кој нуди додипломски и постдипломски студии за бизнис-администрација, јавен менаџмент и бизнис-инженерство.[6]

Главни знаменитости[уреди | уреди извор]

  • Скулптура на Роланд од XVII век, на надворешниот ѕид на Градското собрание. Се смета за симбол на градот.
  • Катедралата на Светиот Крст (Dom „Zum Heiligen Kreuz“). Првично постоела како црква од средината на X век. Во 1220 година, црквата била претворена во катедрала. Градбата има доцноготски наос, додека кулите, криптата и конаците во романски стил.
  • Црква Фрауенбергер (Frauenberger Kirche; „St. Maria auf dem Berg“), романескна црква.
  • Кула Св. Петар (Petriturm), зачувана кула од црква од XIV век, уништена во 1945 година.
  • Уметничка галерија Мајенбург (Kunsthaus Meyenburg), градба од 20 век во југендстил, во која се наоѓа мал музеј за современа уметност.
  • Театарот, изграден во 1917 година.

Галерија[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Население по општини, надлежни општини и општински заедници во Тирингија“. Статистичка служба на Тирингија. јуни 2021. (германски)
  2. Zahlen und Fakten auf einem Blick – 2019 (PDF) Архивирано на 27 април 2019 г., nordhausen.de, abgerufen am 27. April 2019.
  3. Беон, Ив (1997). Planet Dora: A Memoir of the Holocaust and the Birth of the Space Age. Westview Press, Div. of Harper Collins. стр. XIX,XXI,XXII,XXIV. ISBN 0-8133-3272-9.
  4. „8th Air Force 1944 Chronicles“. Посетено на 2007-05-25.June, July, August, September, October
  5. Soviet rocket building in Thuringia (германски)
  6. Fachhochschule Nordhausen

Надворешни врски[уреди | уреди извор]