Зезен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Зезен
Замок Зехуза
Замок Зехуза
Грб на Зезен
Зезен is located in Германија
Зезен
Управа
Земја Германија
Покраина Долна Саксонија
Округ Гослар
Градоначалник Ерик Хоман (ДХС)
Основни податоци
Површина 102,13 км2
Надм. височина 205 м
Население 19.314 (31 декември 2016)[1]
 - Густина 189 жит/км2
Други информации
Часовен појас CET/CEST (UTC+1/+2)
Рег. табл. GS
Пошт. бр. 38723
Повик. бр. 05381
Портал www.stadtverwaltung-seesen.de/
Местоположба на градот Зезен во рамките на округот Гослар
Карта
Координати 51°53′35″N 10°10′42″E / 51.89306° СГШ; 10.17833° ИГД / 51.89306; 10.17833Координати: 51°53′35″N 10°10′42″E / 51.89306° СГШ; 10.17833° ИГД / 51.89306; 10.17833

Зезен (германски: Seesen) — град во округот Гослар, во сојузната покраина Долна Саксонија, Германија. Се наоѓа на северозападните падини на планинскиот масив Харц, околу 20 километри западно од градот Гослар. Денес градот брои помалку од 20.000 жители.

Географија[уреди | уреди извор]

Местоположба[уреди | уреди извор]

Зезен се наоѓа на благи ридести падини пред планинскиот масив Харц и се смета како „прозорец на Харц“ поради поволната сообраќајна положба.

Соседни општини[уреди | уреди извор]

Соседни општини на Зезен се: на север, Бокенем, Ламшпринге (обете во округот Хилдесхајм) и Хахаузен; на исток, Лаутентал и Вилдеман; на југ, Бад Грунд (во округот Остероде) како и Бад Гандерсхајм и Калефелд (обете во округот Нортхајм) на запад.

Градски единици[уреди | уреди извор]

Кон Зезен (10.759 жители без единиците) припаѓаат следниве единици:

  • Билдерлае (465 жители)
  • Борнхаузен (1.010 жители)
  • Енгеладе (593 жители)
  • Херхаузен на Харц (723 жители)
  • Илдехаузен (708 жители)
  • Кирхберг (529 жители)
  • Мехтсхаузен (370 жители)
  • Минхехоф (1.520 жители)
  • Риден (2.710 жители)

Бројот на население за сите места се однесува на 31 декември 2013 година.[2]

Историја[уреди | уреди извор]

Саксонската населба „Зехуза“ (Sehusa) била прв пат спомената во 974 година во декрет издаден од царот Отон II и канцеларот Вилигис, од 1235 година припаѓала на велфските војводи Брауншвајг-Линебург, кои го изградиле и самиот замок. Во 1428 година, Зезен добил градски права од војводата Отон II Едноокиот од Брауншвајг-Гетинген. Во 1836 година, Хајнрих Енгелхард Штајнвег (подоцна именуван Хенри Енгелхард Стејнвеј) го направил своето прво големо пијано во неговата кујна во Зезен; инструментот денес се наоѓа во њујоршкиот музеј Метрополитен.

Меѓународни односи[уреди | уреди извор]

Поврзано: Список на збратимени градови во Германија

Збратимени градови[уреди | уреди извор]

Зезен е збратимен со следниве градови:

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]