Вирцбуршки дворец
Изглед
светско наследство на УНЕСКО | |
---|---|
Критериум | културно: i, iv |
Навод | 169 |
Запис | 1981 (V заседание) |
Вирцбуршки дворец (германски: Würzburger Residenz) — кнежевски дворец во Вирцбург, Германија, дело на тогашниот водечки барокен архитект Балтазар Нојман, по нарачка на кнезот-епископ на Вирцбург, Јохан Филип Франц фон Шенборн и неговиот брат Фридрих Карл фон Шенборн во 1720 г. и бил завршен во 1744 г. Фреските во внатрешноста ги насликал венецијанскиот сликар Џовани Батиста Тјеполо со помош на неговиот син Доменико. Највеличествени простории се скалиштето, капелата и големиот салон. Наполеон Бонапарт дворецот го нарекол „најубавиот владички дом во Европа“.
Дворецот бил многу оштетен во Втората светска војна, и неговата реставрација е започната уште од 1945 г. Во 1981 г. е прогласен за светско наследство на УНЕСКО.[1]
Поврзано
[уреди | уреди извор]Наводи
[уреди | уреди извор]Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Вирцбуршки дворец“ на Ризницата ? |
- Страна за баварски дворци и градини Архивирано на 4 април 2005 г. (англиски)
Оваа статија поврзана со Германија е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
|