Одбор на светското наследство

Одборот на светското наследство ги утврдува места кои ќе бидат запишани на списокот како светско наследство на УНЕСКО. Одговорен е за спроведување на конвенцијата за светско наследство, го дефинира користењето на фондот за светското наследство и доделува финансиска помош на барања од земјите-членки. Составен е од 21 земја-членка[1], кои се избрани од Генералното собрание на земјите-членки со четиригодишен мандат.[2]
Според конвенцијата на светското наследство, мандатот на членовите на одборот е шест години, меѓутоа многу земји-членки сами одбираат да бидат членови во одборот само четири години, со цел да дадат можност на други држави да земат учество во одборот.[2] На пример, сите членки избрани на 15-то Генерално собрание (2005) одлучиле да го намалат својот мандат од шест на четири години.[2]
Морска програма на светското наследство[уреди | уреди извор]
Започната во 2005, морска програма на светското наследство [3] промовира конзервација на морските области. Оваа програма се фокусира на зајакнување на кредибилноста на списокот на светското наследство, конзервација и градење капацитет за морските заштитени места и комуникација и изразување околу конвенцијата на светското наследство како инструмент за заштита на морските области. Моментално има 43 локации низ целиот свет на списоко[4], вклучувајќи ги и Големиот Корален Гребен и островите Галапагос.
Заседание[уреди | уреди извор]
Одборот на светското наследство се сретнува неколкупати годишно за да разговараат за управување на постоечкото светско наследство и да ги прифатат номинациите од државите. Заседанието, познато како заседание на одборот на светското наследство се одржува секоја година, каде што се запошуваат нови места на списокот на светско наследство, по направените презентации од IUCN и/или ICOMOS и размислувања помеѓу државите. Тие се сретнуваат еднаш годишно.
Годишното заседание се одржува во градови низ целиот свет. Со исклучок на оние што се одржуваат во Париз, каде што е седиштето на УНЕСКО, само членовите на државите кои се членки на одборот на светското наследство имаат право да го одржуваат идното заседание, со одобрение од Одборот, како и обезбедување на условот дека мандатот на заинтересираната држава не истекува пред одржувањето на заседанието.
Заседание | Година | Датум | Град-домаќин | Земја-членка |
---|---|---|---|---|
1 | 1977 | 27 јуни - 1 јули | Париз | ![]() |
2 | 1978 | 5 септември - 8 септември | Вашингтон | ![]() |
3 | 1979 | 22 октомври - 26 октомври | Каиро & Луксор | ![]() |
4 | 1980 | 1 септември - 5 септември | Париз | ![]() |
5 | 1981 | 26 октомври - 30 октомври | Сиднеј | ![]() |
6 | 1982 | 13 декември - 17 декември | Париз | ![]() |
7 | 1983 | 5 декември - 9 декември | Фиренца | ![]() |
8 | 1984 | 29 октомври - 2 ноември | Буенос Аирес | ![]() |
9 | 1985 | 2 декември - 6 декември | Париз | ![]() |
10 | 1986 | 24 ноември - 28 ноември | Париз | ![]() |
11 | 1987 | 7 декември - 11 декември | Париз | ![]() |
12 | 1988 | 5 декември - 9 декември | Бразилија | ![]() |
13 | 1989 | 11 декември - 15 декември | Париз | ![]() |
14 | 1990 | 7 декември - 12 декември | Банф | ![]() |
15 | 1991 | 9 декември - 13 декември | Картагина | ![]() |
16 | 1992 | 7 декември - 14 декември | Санта Фе | ![]() |
17 | 1993 | 6 декември - 11 декември | Картахена | ![]() |
18 | 1994 | 12 декември - 17 декември | Пукет | ![]() |
19 | 1995 | 4 декември - 9 декември | Берлин | ![]() |
20 | 1996 | 2 декември - 7 декември | Мерида | ![]() |
21 | 1997 | 1 декември - 6 декември | Неапол | ![]() |
22 | 1998 | 30 ноември - 5 декември | Кјото | ![]() |
23 | 1999 | 29 ноември - декември | Маракеш | ![]() |
24 | 2000 | 27 ноември - 2 декември | Кернс | ![]() |
25 | 2001 | 11 декември - 16 декември | Хелсинки | ![]() |
26 | 2002 | 24 јуни - 29 јуни | Будимпешта | ![]() |
27 | 2003 | 30 јуни - 5 јули | Париз | ![]() |
28 | 2004 | 28 јуни - 7 јули | Сужоу | ![]() |
29 | 2005 | 10 јули - 17 јули | Дурбан | ![]() |
30 | 2006 | 8 јули - 16 јули | Вилниус | ![]() |
31 | 2007 | 23 јуни - 1 јули | Крајстчерч | ![]() |
32 | 2008 | 2 јули - 10 јули | Квебек Сити | ![]() |
33 | 2009 | 22 јуни - 30 јуни | Севиља | ![]() |
34 | 2010 | 25 јули - 3 август | Бразилија | ![]() |
35 | 2011 | 19 јуни - 29 јуни | Париз | ![]() |
36 | 2012 | 25 јуни-5 јули | Санкт Петербург | ![]() |
37 | 2013 | 17 јуни-27 јуни | Пном Пен | ![]() |
38 | 2014 | 15 јуни-25 јуни | Доха | ![]() |
Наводи[уреди | уреди извор]
- ↑ Според страницата на УНЕСКО за светското наследство, земји-членки се држави кои ја потпишале и ратификувале Конвенцијата за светското наследство. До ноември 2007, биле вкупно 185 земји-членки.
- ↑ 2,0 2,1 2,2 „Одбор на светското наследство“. УНЕСКО - страница за светско наследство. Посетено на 2006-10-14.
- ↑ http://whc.unesco.org/en/marine-programme/
- ↑ http://whc.unesco.org/en/list/?search=&searchSites=&search_by_country=&search_yearinscribed=&type=&themes=7&media=®ion=&description=&criteria_restrication=&order=
Надворешни врски[уреди | уреди извор]
![]() |
„Одбор на светското наследство“ на Ризницата ? |
- Официјална страница (англиски) и (француски)
- Список на светско наследство