Мерида (Мексико)

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Мерида, Мексико)
Катедрала во Мерида

Мерида е главен град на мексиканската сојузна држава Јукатан и најважен град на југоисточно Мексико. Се наоѓа на околу 50 км од Мексиканскиот Залив. Според пописот од 2005, овој град има 734.153 жители, а заедно со своето метрополитанско подрачје има 839.242 жители.