Пном Пен

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Пном Пен
ភ្នំពេញ
City
Phnom Penh aerial.jpg
Прекар(и): „Бисер на Азија“
Грешка во Lua во Модул:Location_map, ред 502: Unable to find the specified location map definition. Neither "Модул:Location map/data/Cambodia" nor "Шаблон:Location map Cambodia" existsМестоположба на Пном Пен во Камбоџа.
Координати: 11°33′N 104°55′E / 11.550° СГШ; 104.917° ИГД / 11.550; 104.917Координати: 11°33′N 104°55′E / 11.550° СГШ; 104.917° ИГД / 11.550; 104.917
ДржаваКамбоџа
ПокраинаПном Пен
Населен1372
Прогласен за гл. град1865
Поделба
Управа
 • ВидОпштина
 • Грдаоначалник и гувернерКеб Читема
 • Заменик гувернерТан Сина, Мап Сарин, Сенг Тонг
Површина
 • Вкупна758 км2 (293 ми2)
Надм. вис.&1000000000000118900000011,89 м
Население (мај 2009)[1]
 • Вкупно2,000,064
 • Густина2,600/км2 (6,800/ми2)
ДемонимПномпенец
Часовен појасКамбоџа (UTC+7)
Повик. бр.+855 (023)
Мреж. местоОфицијално мрежно место

Пном Пен (кмерски: ភ្នំពេញ, официјална транскрипција: Phnum Pénh; изговор [pʰnum pɯɲ]) е главен град на Камбоџа и центар на општина Пном Пен. Тој е економски, индустриски, комерцијален, културен, туристички и историски центар.

Во 1920-те градот бил познат како „Бисер на Азија“ и е главна туристичка дестинација во Камбоџа и за странски посетители. Градот е мешавина на традиционалната кмерска архитектура и влијание на француската архитектура.

Градот е најбогат и најнаселен град во Камбоџа со население од околу еден милион жители.

Географија[уреди | уреди извор]

Пном Пен се наоѓа во јужниот дел на Камбоџа и е опколен од покраината Кандал. Општината Пном Пен се наоѓа на бреговите на реките Понче Сап, Меконг и Басак. Овие реки се големи извори на свежа и питка вода, но има и останати природни ресурси во градот и околината. Градот и околината се наоѓаат во регион кој е составен од тропски влажани предели. Пном Пен се наоѓа на надморска височина од околу 11.89 метри што е голем проблем за безбедноста на градот во поглед на природни катастрофи како што се монсунските поплави. Само градското подрачје зафаќа површина од околу 375 квадратни метри каде живеат околу 2.000.064 жители.

Демографија[уреди | уреди извор]

Во 2008 година, Пном Пен имал население од околу 2.009.264 жители со густина на население од околу 5.358 жители на метар квадратен. Процентот на растот на населението на Пном Пен е проценето на околу 3.92 %.

Пном Пен е претежно населен од етнички Кмери кои сочинуваат околу 90% од вкупното население на градот. Покрај нив, има значително кинеско и виетнамски малцинство, но може да се забележат и останати помалубројни малцински заедници. Како и во цела Камбоџа, така и во Пном Пен, населението воглавно е будистичко, односно 90% од вкупното население на Пном Пен се будисти. Во последните години се забележува и мало зголемување на христијанското и исламското население. На национално и официјално ниво доминира кмерскиот јазик, кој е најмногу зборуван јазик во државата и градот. Покрај него, во добар дел се зборуваат и францускиот и англискиот јазик.

Збратимени градови[уреди | уреди извор]

Пном Пен е збратимен со следните градови:

Наводи[уреди | уреди извор]

Користена литература[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Официјални
Мултимедија
Други