Техеран

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Карта на Иран и околните земји. Прикажана е локацијата на Техеран.

Техеран (на персиски: تهران) е главен град на Иран. Самиот град има 7.160.094 жители, додека областа Техеран има 14.000.000 жители. Градот зафаќа површина од 254 квадратни милји.

Повеќе од половина од индустријата на Иран е сместена во Техеран. Индустријата вклучува производство на автомобили, електроника и електрична опрема, воена опрема, текстил, шеќер, цемент и хемиски производи. Техеран е исто така и водечки центар во продажбата на килими и мебел. Постои и рафинерија за нафта во близина.

Техеран е град кој се наоѓа во подножјето на планинскиот венец Алборц, со огромна мрежа на автопати несвојствени за западна Азија. Градот има многубројни музеи, уметнички центри, палатни комплекси и културни центри.

Покрај Персијците, има значајна популација на Азери, Ерменци, Асирци, Курди и Евреи. 98,3 % од населението на Техеран го зборува персискиот јазик. Во однос на религијата, има многу џамии, а постојат и неколку цркви и синагоги.

Во градот се наоѓа старата тврдина Арг, во чии ѕидови е сместен некогашниот кралски Голестански дворец.