3 јуни
Изглед
Предлошка:Јуни 2026 3 јуни — 154-тиот ден во годината според грегоријанскиот календар (155-ти во престапна година). Остануваат 211 дена до крајот на годината.
Настани:
| 1098 | Прва крстоносна војна: Крстоносците го зазеле градот Антиохија. |
| 1326 | Потпишан Договорот од Новогород со кој се дефинирани новите граници помеѓу Русија и Норвешка. |
| 2006 | Црна Гора и формално објавува независност од Србија, со што завршува нивното 88-годишно живеење во заедничка држава. |
Родени:
Починале:
| 1626 | Нектариј — охридски архиепископ. |
| 1844 | Луј XIX — крал на Франција. |
| 1875 | Жорж Бизе — француски композитор. |
| 1899 | Јохан Штраус Помладиот — австриски композитор. |
| 1924 | Франц Кафка — чешки писател. |
| 1963 | Назим Хикмет — турски писател и револуционер. |
| 1963 | Папа Јован XXIII — римски папа. |
| 1964 | Франс Емил Силанпе — фински писател. |
| 1977 | Роберто Роселини — италијански режисер. |
| 1985 | Димче Зографски — градоначалник на Скопје. |
| 1996 | Питер Гленвил — англиски глумец и режисер. |
| 2000 | Христо Георгиевски — македонски поет. |
| 2000 | Мертон Милер — американски економист, добитник на Нобеловата награда во 1990 година. |
| 2001 | Ентони Квин — американски глумец. |
| 2016 | Мухамед Али — американски боксер, трикратен светски првак. |
| 2023 | Трајче Ѓоргиев — македонски глумец. |