Мускат

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Мускат
مسقط Masqaṭ
Град
Muscat
Централниот економски округ во Мускат.
Централниот економски округ во Мускат.
Знаме на Мускат
Знаме
Координати: 23°36′31″ СГШ 58°35′31″ ИГД / 
Држава  Оман
Покраина Мускат
Управа
 • Вид Апсолутна монархија
 • Султан Кабос бин Саид
Површина
 • Метро 3.500 км2
Население (2008)
 • Метро 1,090,797
Часовен појас оманско стандардно време (UTC+4)
Мреж. место http://www.omanet.om

Мускат (арапски: مسقط, Masqaṭ) е најголемиот и главен град на Оман. Градот е седиште на владата и центар на покраината Мускат. Во 2008 година, метрополитенската област Мускат имала 1.090.797 жители[1]. Оваа поширока област зафаќа околу 1.500 км² и е поделена на шест окрузи.

Мускат бил значаен трговски град низ историјата и поради тоа бил под владеење на различно народи и странски сили како на пример Персија или Португалија. Поради неговата местоположба и трговско значење, во градот се населиле и Персијци, Гуџарати и останати околни народи. Откако на трнот на Оман дошол султанот Кабос бин Саид, Мускат забележал голем инфраструктурен развој и развој на економијата.

Околу градот доминантни се карпестите планин Ал Хаџар. Градот се наоѓа на Оманскиот Залив и во близина на Ормускиот Проток. Градот е карактеристичен по ниските бели згради. Економијата на Мускат е застапена пред сè од трговијата и петролеум.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. World Gazetteer

Користена литература[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]