Мускат

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Маскат)
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Мускат
مسقط Masqaṭ
Град
Muscat
Централниот економски округ во Мускат.
Централниот економски округ во Мускат.
Знаме на Мускат
Знаме
Координати: 23°36′31″N 58°35′31″E / 23.60861° СГШ; 58.59194° ИГД / 23.60861; 58.59194
Држава Оман
ПокраинаМускат
Управа
 • ВидАпсолутна монархија
 • СултанКабос бин Саид
Површина
 • Метро3.500 км2 (1,400 ми2)
Население (2008)
 • Метро1,090,797
Часовен појасоманско стандардно време (UTC+4)
Мреж. местоhttp://www.omanet.om

Мускат (арапски: مسقط, Masqaṭ) е најголемиот и главен град на Оман. Градот е седиште на владата и центар на покраината Мускат. Во 2008 година, метрополитенската област Мускат имала 1.090.797 жители[1]. Оваа поширока област зафаќа околу 1.500 км² и е поделена на шест окрузи.

Мускат бил значаен трговски град низ историјата и поради тоа бил под владеење на различни народи и странски сили како на пример Персија или Португалија. Поради неговата местоположба и трговско значење, во градот се населиле и Персијци, Гуџарати и останати околни народи. Откако на трнот на Оман дошол султанот Кабос бин Саид, Мускат забележал голем инфраструктурен развој и развој на економијата.

Околу градот доминантни се карпестите планини Ал Хаџар. Градот се наоѓа на Оманскиот Залив и во близина на Ормускиот Проток. Градот е карактеристичен по ниските бели згради. Економијата на Мускат е застапена пред сè од трговијата и петролеум.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. World Gazetteer

Користена литература[уреди | уреди извор]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]


Координати: 23°37′ СГШ; 58°32′ ИГД / 23.61° СГШ; 58.54° ИГД / 23.61; 58.54