Ормуски Проток

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Ормуски П-к is located in Близок Исток
Ормуски П-к
Ормускиот Проток и Персискиот Залив
Сателитска снимка на Ормускиот Проток

Ормуски Проток (персиски: تَنگِه هُرمُز Tangeh-ye Hormoz, арапски: مَضيق هُرمُز Maḍīq Hurmuz) — проток помеѓу Оманскиот и Персискиот Залив. Ова е единствениот излез на Персискиот Залив на отворен океан и една од најважните геостратешки точки во светот. На северниот брег се наоѓа Иран, а на јужниот се сместени Обединетите Арапски Емирати и оманската ексклава Мусандам. Во најтесниот дел, протокот е широк 39 км (21 наутичка милја).[1]

Низ протокот минува 20% од вкупното количество нафтата во светот и 35% од сите нафтоносни пловила. Поради ова, местото е од големо стратешко значење во меѓународната трговија,[1] и причина за конфликт помеѓу силите, особено САД и Иран.

Протокот за прв пат се споменува во поморскиот прирачник „Перипл на Еритрејското Море“ од I век.

Сообраќај[уреди | уреди извор]

Поради големата прометност, во Ормускиот Проток се имаат случено повеќе судари на бродови. За да се намали ризикот од вакви катастрофи, протокот е подвоен на две ленти[2] — една за дојдовен и една за појдовен сообраќај. Од нив, едната се наоѓа во омански води, а другата во ирански.

Според Управата за енергетско информирање на САД, во 2011 г. низ протокот поминувале просечно 14 танкери дневно, носејќи 17 милиони барели (2.700.000 м³) сирова нафта. Ова претставува 35% од количеството на нафта што се превезува по морски пат и 20% од целиот нафтен сообраќај во светот. Во извештајот се вели дека 85% од сировата нафта била испорачана во Азија, највеќе во Јапонија, Индија, Јужна Кореја и Кина.[1]

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 "Ормуски Проток". Светски геостратешки точки во превозот на нафта. Управа за енергетско информирање на САД. 30 декември 2011. конс. 14 јануари 2012.  (англиски)
  2. "Енциклопедија на Земјата". Национален совет за наука и животна околина.  (англиски)
  • Mohammed Kookherdi (1997) Kookherd, an Islamic civil at Mehran river, III изд: Dubai

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Координати: 26°34′N 56°15′E / 26.567°СГШ 56.250°ИГД / 26.567; 56.250