1 век
< 1 век п.н.е. | 1 век | 2 век > | |||||||
1 | 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 | 9 | 10 |
11 | 12 | 13 | 14 | 15 | 16 | 17 | 18 | 19 | 20 |
21 | 22 | 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 | 30 |
31 | 32 | 33 | 34 | 35 | 36 | 37 | 38 | 39 | 40 |
41 | 42 | 43 | 44 | 45 | 46 | 47 | 48 | 49 | 50 |
51 | 52 | 53 | 54 | 55 | 56 | 57 | 58 | 59 | 60 |
61 | 62 | 63 | 64 | 65 | 66 | 67 | 68 | 69 | 70 |
71 | 72 | 73 | 74 | 75 | 76 | 77 | 78 | 79 | 80 |
81 | 82 | 83 | 84 | 85 | 86 | 87 | 88 | 89 | 90 |
91 | 92 | 93 | 94 | 95 | 96 | 97 | 98 | 99 | 00 |
1 век започнал на 1 јануари 1 год. и завршил на 31 декември 100 год. Честопати е напишан како 1 век од н.е. или I век од н.е. за да се разликува од I век п.н.е. кој му претходел. 1 век се смета за дел од класичната антика.
Во текот на овој период, Европа, Северна Африка и Блискиот Исток потпаднале под доминација на Римското Царство, која продолжила да се шири, и ја освоила Британија за време на царот Клавдиј (43 г.).[1] Реформите кои ги вовел Август за време на неговото долго владеење ја стабилизирале империјата по превирањата од граѓанските војни од претходниот век. Подоцна, во овој век дошло до крајот на Јулиевско-Клавдиската династијата, која била основана од Август, а завршила со самоубиството на Нерон во 68 год.[1] По владеењето на Јулиевско-Клавдиската династијата, следела познатата Година на четворицата императори, која била краток период на граѓанска војна и нестабилност, и била конечна окончана од Веспазијан, деветтиот римски цар и основач на Флавиевската династија.[1] Генерално, Римското Царство доживеало период на просперитет и доминација, па затоа првиот век бил запаметен како дел од златното доба на империјата.
Во првиот век се појавило христијанството.
Во Кина продолжила доминацијата на династијата Хан, и покрај четиринаесетгодишниот прекин од династијата Син под Ванг Манг. Владеењето на Хан било обновено во 23 година. Владеењето на Ванг Манг значело раздвојување помеѓу Западниот/Поранешниот Хан и Источниот/Подоцнежниот Хан. Главниот град исто така бил преместен од Чанган во Луојанг.[2]
Регионални настани и политика
[уреди | уреди извор]- Западна Европа: Келти, Германи, Лапонци и Финци организирани во племенски заедници и Римското Царство.
- Источна Европа: Римското Царство, Дакијци, Сармати, Словени и Балти организирани во племенски заедници.
- Северна Африка: Римско Царство, Гараманти (Бербери), Маври, Пуни и Гетули организирани во племенски заедници.
- Западна Африка: племенски заедници на Гур, Ква, Сонинке и Манде.
- Централна Африка: племиња Банту, Нок цивилизација кој била во фаза на распаѓање (северозападна Нигерија).
- Источна Африка: кралството Куш, кралството Блеми, кралството Аксум.
- Јужна Африка: Банту племиња и Којсански народи.
- Западна Азија: Римска и Партска империја, сабеиски и арапски кралства и други помали племиња.
- Средна Азија: Кушанско Царство, Сармати, Дахи и други ирански племенски заедници.
- Јужна Азија: Кушанско Царство, Западни Сатрапи, Сатавахана империја, древниот Тамилакам (територија на денешна Керала) со повеќе кралства, кралство Калинга, Индо-партско кралство, Џангџунг кралство, во западен и северозападен Тибет.
- Југоисточна Азија: Мандала полунезависни градови-држави, кралство Фунан (околу делтата на реката Меконг).
- Источна Азија: Хан династијата, племенскиот сојуз Јаматај (денешна Јапонија), Хунну и Сјанби племенски заедници, и Трите кралства на Кореја (Когури, Пекче и Сила).
- Средна Америка: цивилизациите на Маите, Теотиуакан и Запотек.
- Јужна Америка: Наска и Моче цивилизации, Таирона племенски заедници.
Настани
[уреди | уреди извор]- Почетокот на првиот век – била направена статуа на Август од Прима Порта (можеби била копија од бронзена статуа од околу 20 г. п.н.е.). Сега се чува во Музејот на Ватикан во Рим.
- Почетокот на првиот век – била направена Гема Августа, изработен релјеф во полускапоцен камен. Сега се чува во Уметничкоисториски музеј (Виена).
- Почетокот на првиот век – била изградена т.н. Куќа на сребрената свадба во Помпеја. Била ископана во 1893 год., во годината на сребрената свадба на италијанскиот крал Умберт и неговата сопруга Маргарита Савојска, кои ги финансирале археолошките ископувања во Помпеја.
- Почетокот на првиот век – било изградено внатрешното светилиште во Исе, Мие, во перфектурата Мие. Период на Јајој културата во Јапонија.
- 1 - Лавовите биле истребени во Западна Европа.
- 2 - Бил направен првиот попис во Кина, пописот бил еден од најточните во кинеската историја.
- 6 - Бил направен попис во Јудеја од римскиот управник Квириниј.
- 7 - Принцот Кунобелин од Катувелауни го поразил Тривованти во Англија и основал свој главен град кај Камулодунум (денешен Колчестер).
- 9 - Три римски легии биле нападнати и уништени во Тевтобуршката шума од страна на Арминиј, поглаварот на германското племе Херуски.
- 9 - Принцот Кунобелин бил крунисан за крал на Катувелауни, а неговото кралство доминирало во Јужна Англија.
- 9-23 - Ванг Манг привремено ја соборил кинеската Хан династијата.
- 9-23 - Владеење на династија Син.
- 14 - Починал Август Цезар, првиот цар на Рим. Неговиот посвоен син, посинок и зет Тибериј станал негов наследник.
- 25 - Хан династијата била обновена од страна на Лиу Кси кој се прогласил себеси за цар Гуан Ву-ди на Хан.
- 28-75 - Владеел царот Минг од Хан, будизмот стигнал до Кина.
- Луѓето го населуваат островот Пентекост и го основале селото Бунлап (во денешен Вануату).
- Околу 29 - Исус започнува со својата служба (традиционален датум).[3][4][5][6][7][8][9]
- Околу 33 - Распнувањето на Исус (традиционален датум).[10][11][12]
- Околу 33-36 - Преобраќањето на апостол Павле.[13][14][15]
- 40 - Борбата за наследување на престолот еруптирала на дворот на кралот Кунобелин, а неговиот прогонет помлад син, принцот Админиус, пребегал во дворецот на Калигула во Рим.
- 40 - Царот Калигула планирал да ја нападне Британија, но заборавил да понесе војска, наместо тоа, објавил војна на морето, го камшикувал и земал школки како затвореници.
- 40-43 - Сестрите Трунг дигнале востанијата против кинеското владеење во Виетнам.
- 42 - Починал кралот Кунобелин, а неговиот син Каратак станал крал. Тој и неговиот брат го освоиле поголемиот дел од југоисточна Англија, проширувајќи ја територијата во Атребатес, протерувајќи го кралот Верица. Кралот Верица отпатувал во Рим барајќи од Клавдиј да му помогне да го поврати својот престол.
- 43 - Започнало римското освојување на Британија. Бил основан Лондон (иако можно е градот веќе да постоел со векови наназад).
- 44 - Починал Ирод Агрипа I.
- 41-54 - Рахија бил амбасадор испратен од Шри Ланка во дворот на царот Клавдиј.
- Будистичките монаси во Шри Ланка за првпат ги запишале учењата на Буда, создавајќи го палискиот канон.
- Регионите на денешен Авганистан, Пакистан и северна Индија биле под контрола на Кушаните, номадски племиња кои биле протерани од северозападна Кина од династијата Хан.
- Такит ги спомнал Свеите, кои подоцна ќе бидат наречени Швеѓани.
- Каундина, индиски брамин се оженил за Сома и го основал камбоџанското кралство Фунан.
- Готите се населиле во северна Полска.
- 50 - Бил одржан христијански совет во Ерусалим.
- Средина на 1 век – била направена ѕидна ниша од градината во Помпеја. Денес се чува во Музејот Фицвилијам, Кембрички универзитет, Англија.
- Средина на 1 век – Била направена детална слика на ѕидот во Домот на М. Лукретиј Фронто во Помпеја.
- 58-88 - Владеење на царот Минг и царот Џанг во Кина.
- 60 - Кралицата Будика од племето Ицени во Англија се побунила против Римјаните. Иако римската војска претрпела големи загуби обидувајќи се да ја задуши буната, сепак, на крај, таа била успешно задушена, а кралицата се отрула. Во бунтот биле уништени три големи града.
- 64 - Избил големиот пожар во Рим за кој Нерон ги обвинил христијаните, по што следувало првото масовно прогонство на христијаните во Рим. Овој настан значел и првото признавање за постоењето на христијанското малцинство во Рим.
- 66-73 - Првата римско-еврејска војна.
- 69 - Картимандуа, кралица на бритското племе Бриганти во северна Англија, била симната од власт во граѓанска војна. Нејзиниот сојуз со Рим кој не бил добро прифатен, предавството на Каратакус и нејзината љубов кон човек кој не ѝ бил сопруг, се причините што довеле до нејзината смрт, а тоа наводно ги налутило Римјаните и било причина да го нападнат и освојат нејзиното кралство.
- 70 - Уништување на Храмот на Ирод во Ерусалим од страна на Римјаните под Тит.
- 79 - Помпеја и Херкуланеум биле уништени од ерупција на вулканот Везув.
- 80 - Бил завршен Колосеумот во Рим.
- По собирот на еврејските мудреци, кој се случил наводно на крајот од првиот век, била завршена еврејската Библија.
- Римското Царство за време на владеење на царот Трајан го достигнала своето најголемо територијално проширување.
- Крај на 1 век - Бил направен Градскиот пејзаж, дел од ѕидното сликарство од Вториот стил во спалната соба во куќата на Публиј Фанниј Синистор. Сега се наоѓа во музејот Метрополитен, во Њујорк.
- Била насликана сликата „Александар Велики се соочува со Дариј III во Битката кај Исос“, детал од мозаична декорација во Помпеја, Италија. Таа била римска копија на грчка слика од околу 310 г. п.н.е., насликана или од Филоксен или од Хелен од Египет. Сега е во Националниот археолошки музеј, Неапол, Италија.
- Доцен 1 век – Била изградена спалната соба во куќата на Публиј Фанниј Синистор, од вилата во Боскореале. Била реконструирана со подоцнежен мебел во музејот Метрополитен, во Њујорк.
- Доцен 1 век – Била насликана сликата „Море“, детал од ѕидно сликарство од Вила Фарнесина, Рим.
- Доцен 1 век – Била насликана „Млада жена која пишува“, детал од ѕидно сликарство, од Помпеја. Сега се чува во Националниот археолошки музеј, Неапол, Италија.
- Доцен 1 век – Била најдена сликата „Мавзолеј во изградба“, во гробницата на семејството Хатериј, Рим. Сега се чува во Ватикански музеи, Рим.
- Доцен 1 век – Била насликана „Средновечна флавијанска жена“. Сега се чува во Ватикански музеи, Рим.
- Доцен 1 век-почетокот на 2 век - Бил направен „Буда и придружниците“, од Катра Кешавдев, Матура, Мадја Прадеш, Индија. Сега се чува во Музејот на Матхра.
- Доцен 1 век-почетокот на 2 век - Била направен модел на куќа во гробница, од времето на Источна Хан династија. Сега се чува во Нелсон-Аткинс музејот на уметност, Канзас Сити.
Личности
[уреди | уреди извор]- Антонија Помладата, римска благородничка, мајка на Германик и Клавдиј
- Арминиј, поглавар на германското племе Херуски
- Октавијан Август, првиот император на Рим
- Банчао, кинески генерал
- Будика, кралица на британското племе Ицени
- Калигула, император на Рим
- Гнеј Јулиј Агрикола, римски генерал
- Ливила, римска благородничка
- Клаудија Октавија, римска царица
- Клавдиј, четвртиот римски цар
- Климент, римски папа
- Децебал, крал на Дакија
- Домицијан, римски цар
- Галба, римски цар
- Ган Инг, кинески амбасадор во Рим
- Германик, римски генерал
- Гуан Ву-Ди, император на Кина
- Херајос, кушански владетел на Бактрија
- Хилел Постариот, еврејски религиозен водач
- Игнатиј Богоносец, христијански светец, патријарх на Антиохија
- Апостол Јаков Праведниот, христијански апостол
- Исус од Назарет, централна личност во христијанството
- Јован Крстител, религиозен пророк во христијанството и исламот
- Јулија Агрипина Помладата, царица на Рим и мајка на Нерон
- Куџула Кадфис, кушански принц и цар
- Ливија Друсила, првата римска царица
- Ма Јуан, кинески генерал
- Минг од Хан, кинески цар
- Нерон Клаудиј Цезар, римски цар
- Нерва, римски цар
- Отон, римски цар
- Апостол Павле, христијански апостол
- Публиј Квинтилиј Вар, римски генерал
- Свети Петар, христијански апостол
- Поликарп Смирнски, епископ на Смирна
- Понтиј Пилат, римски управник на Јудеја
- Луциј Елиј Сејан, заповедник на преторијанската гарда
- Апостол Тома, христијански апостол
- Тибериј, римски цар
- Тит, римски цар
- Трајан, римски цар
- Сестрите Трунг, виетнамски водачи на востание
- Веспазијан, римски цар
- Вителиј, римски цар
- Валерија Месалина, сопруга на царот Клавдиј
- Агрипина Постарата, римска благородничка и мајка на Калигула
- Ванг Манг, император и основач на краткотрајната Син династија
- Јуан Ан, кинески државник
- Џан-ди од Хан, император на Кина
Литература
[уреди | уреди извор]- Марко Валериј Марцијал, римски поет
- Методиј I Цариградски, светец и патријарх
- Овидиј, римски поет
- Петрониј Арбитер, римски писател и поет
- Федар, римски писател на басни
- Плиниј Постариот, римски природонаучник
- Плиниј Помладиот, римски писател и правник
- Сенека Помладиот, римски државник, поет и филозоф
- Силиј Италик, римски поет и политичар
- Стациј, римски поет
- Валериј Максим, римски писател
Наука и филозофија
[уреди | уреди извор]- Ауло Корнелиј Целзо, римски енциклопедист
- Аполониј Тијански, старогрчки филозоф и аскет
- Бан Биао, кинески историчар
- Бан Гу, кинески историчар
- Бан Џао, кинески историчар
- Колумела, римски писател за земјоделство
- Херон Александриски, инженер и геометар
- Јосиф Флавие, еврејско-римски историчар
- Тит Ливиј, римски историчар
- Филон Александриски, еврејско-хеленистички филозоф
- Плутарх, старогрчки биограф и есеист
- Акива бен Јозеф, еврејски теолог
- Страбон, старогрчки историчар, географ и филозоф
- Такит, римски историчар
- Марко Фабиј Квинтилијан, римски реторичар
- Квинт Аскониј Педијан, римски историчар
- Квинт Курциј Руф, римски историчар
- Јоханан бен Закај, еврејски теолог
- Ванг Чунг, кинески филозоф
Откритија
[уреди | уреди извор]- Кодексот, првиот облик на современата книга, се појавува во Римското Царство.
- 78 - Почетокот на Сака Ера што се користи од страна на јужноазиски календари.
- Употреба на книговезката.
- Различни пронајдоци од Херон Александриски, вклучувајќи ја и парната турбина, хидраулата и разните други машини со погон на вода.
- 31 - Кинескиот инженер и државник на династијата Хан, Ту Ши од Нанјанг, ги измислил првите познати дувалки на хидрауличен погон за греење на печката за топено железо. Тој употребил комплексен механички уред кој бил напојуван од брз проток на вода низ водно тркало.
- Иако Филон Византиски ја опишал пумпата со синџири на почетокот на 2 век п.н.е., во текот на овој век во Кина била измислена пумпата со синџири, спомната прво од филозофот Ванг Чонг околу 80-тите години. Ванг Чонг исто така точно го опишал хидролошкиот циклус во метеорологијата и расправал против теоријата на „радијационо влијание“ за затемнувањето на сонцето, која била прифатена од многумина, вклучувајќи го и Џанг Хенг.
- Кинескиот астроном Лиу Ксин меѓу другото документирал 1080 различни ѕвезди.
- При крајот на првиот век кодексот го заменува свитокот.
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ 1,0 1,1 1,2 Dušanić, Slobodan (1983). Stari svet. Beograd: Narodna knjiga, Vuk Karadzic, Rad. стр. 202–218.
- ↑ Dušanić, Slobodan (1983). Stari svet. Beograd: Narodna knjiga, Vuk Karadzic, Rad. стр. 307–315.
- ↑ Pentecost, J. Dwight (1981). The Words and Works of Jesus Christ: A Study of the Life of Christ. Zondervan. стр. 577–578.
- ↑ Köstenberger, Andreas J. (2004). John. Baker Academic. стр. 110.
- ↑ Eerdmans Dictionary of the Bible. Amsterdam University Press. 2000. стр. 249. ISBN 90-5356-503-5.
- ↑ Maier, Paul L. (1989). The Date of the Nativity and Chronology of Jesus" in Jerry Vardaman and Edwin M. Yamauchi, Chronos, kairos, Christos: nativity and chronological studies. стр. 113–129. ISBN 0-931464-50-1.
- ↑ Anderson, Paul N. (2011). The Riddles of the Fourth Gospel: An Introduction to John. стр. 200. ISBN 0-8006-0427-X.
- ↑ Knoblet, Jerry (2005). Herod the Great. стр. 183–184. ISBN 0-7618-3087-1.
- ↑ Robert Tomson Fortna, Tom Thatcher (2001). Jesus in Johannine tradition. стр. 77. ISBN 978-0-664-22219-2.
- ↑ Barnett, Paul (2002). Jesus & the Rise of Early Christianity: A History of New Testament Times. стр. 19–21. ISBN 0-8308-2699-8.
- ↑ Andreas J. Köstenberger, L. Scott Kellum (2009). The Cradle, the Cross, and the Crown: An Introduction to the New Testament. стр. 77–79. ISBN 978-0-8054-4365-3.
- ↑ Rainer Riesner (1997). Paul's early period: chronology, mission strategy, theology. стр. 19–27. ISBN 978-0-8028-4166-7.
- ↑ Bromiley, Geoffrey William (1979). International Standard Bible Encyclopedia: A-D (International Standard Bible Encyclopedia (W.B.Eerdmans)). Wm. B. Eerdmans Publishing Company. стр. 689. ISBN 0-8028-3781-6.
- ↑ Barnett, Paul (2002). Jesus, the Rise of Early Christianity: A History of New Testament Times. InterVarsity Press. стр. 21. ISBN 0-8308-2699-8.
- ↑ L. Niswonger, Richard (1993). New Testament History. Zondervan Publishing Company. стр. 200. ISBN 0-310-31201-9.