Колосеум

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Rmn-social-header-1-.svg
Колосеум
'
Место Рим
Изградено околу 70 - 80 год.н.е.
Градител Тит Флавиј Веспазијан, Тит Флавиј Сабин Веспазијан
Тип на градба Амфитеатар
Поврзани статии Нема.
Blue pog.svg
Колосеум

Колосеум (латински: Colosseum), изворно наречен „Флавиев амфитеатар“ (латински: Amphitheatrum Flavium), е најголемиот амфитеатар во Рим и во светот. Колосеумот бил изграден од царот Тит Флавиј Веспазијан кој го започнал во 72 год.н.е., а неговиот син царот Тит Флавиј Сабин Веспазијан го завршил во 80 год.н.е. Тие потекнувале од прочуено римско благородничко семејство, па оттаму и градбата го добила името. Некои поправки направил и царот Домицијан (81-96 год.н.е.). Изграден е како подарок за римските граѓани и тоа на местото на некогашната резиденција на римскиот цар Нерон. Во Колосеумот се одржувале гладијаторски борби и борби помеѓу животни, а собирал до 55.000 гледачи. Колосеумот бил врвен дострел во римската архитектура и градежништво. Покрај величествените димензии, тој бил лесно достапен преку системот од влезови и скалила, така што во случај на пожар можел да се испразни за само десет минути. Подоцна, градбата била користена за најразлични цели, како работилници, одаи за свештеници и христијанско светилиште.
На 7 јули 2007 година Колосеумот бил прогласен за едно од седумте светски чуда на новиот свет.

Колосеумот како тема во уметноста и во популарната култура[уреди | уреди извор]

Поради својата грандиозност и историското значење, Колосеумот се јавува и како тема во уметноста и во популарната култура:

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Едгар Алан По, Поезија, Македонска книга, Скопје, 1969, стр, 24-25.