Домицијан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Домицијан
Роден 24 октомври 51
Рим, денешна Италија
Починал 18 септември 96
Рим, Римско Царство, денешна Италија

Домицијан (латински:Titus Flavius Domitianus) бил последниот римски цар од династијата на Флавијците. Познат е и како Тит Флавиј Домицијан.

Роден е на 24 октомври 51 година во Рим, денешна Италија. Со Римското Царство управувал од 14 септември 81 година до 18 септември 96 година, кога бил убиен. Тој е син на Веспазијан, и брат на Тит. Негов наследник е Нерва.