Јован VII Палеолог

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Јован VII Палеолог
Византиски цар
Владеење 14 април – септември 1390
Роден(а) 1370
Починал(а) 22 септември 1408(1408-09-22) (воз. 38 г.)
Претходник Јован V
Наследник Јован V
Придружник Ирина Гатилусио
Деца Андроник V
Династија Палеолози
Татко Адроник IV
Мајка Кераца Марија

Јован VII Палеолог (1370 – 22 септември 1408) — византиски цар во период од пет месеци во 1390 година. Додека бил цар постојат некакви докази кои покажуваат дека го користел името Андроник, според својот татко, и кога бил регент за време на отсуството на својот брат, кој заминал на запад, тој владеел со своето родем име.[1]

Живот[уреди | уреди извор]

Јован VII Палеолог бил син на царот Андроник IV Палеолог и Кераца Марија, ќерка на царот Иван Александар и теодора од Влашка. Не треба да се поистоветува со неговиот роднина Јован VIII Палеолог, синот на неговиот вујко Мануил II, кој бил наследен од неговиот татко.

Кога неговиот татко Андроник IV Го узурпирал престолот од неговиот татко од својот татко Јован V Палеолог во 1376 година, Јован VII бил прогласен за совладетел следната година. Двајцата таткото и синот биле биле соборени и делумно ослепени во 1379 година, но Андроник IV го зачувал својот царски статус и му била доделена Селимбрија (Силиври) како неово владение од Јован V. Кога Андроник IV починал во 1385 година, Јован VII најверојатно го наследил својот татко.

На 14 април 1390 година Јован VII Палеолог го соборил својот дедо Јован V и се задржал на престолот во наредните пет месеци, кога Јован V бил повоторно поставен за од неговиот Мануил со помош на Венецијанската република

Јован VII побарал прибежиште кај Султанот Бајазит I кој владеел со османлиите на 17 септември 1390 година. Бајазит го потврдил владението на Јован VII со владението на неговиот татко Селимбрија, и односите се подобриле со Мануил II, кој го признал Јован VII за свој иден наследник (во тој период се уште не му се родиле децата).

Во 1399 година, откако Бајазит I го опсадил Константинопол во наредните пет години, Мануил II заминал да побара воена помош во западна Европа и го поставил Јован VII како регент да го брани главниот град. Јован VII ги исполнувал своите должности одговорно, очекувајќи чудо, што се случило кога Бајазит бил поразен од Тимерлан во Битка кај Ангора (20 јули 1402).

Поразот довел до граѓанска војна во Османлиската империја, како соперници османлиските принцови побарале мир со Византија. Искористувајќи го овој период на османлиско слабеење, Јован VII потпишал договор кој му обезбедил повраток на поголемиот дел на крајбрежјето на европскиот дел од Мраморното Море кој бил претходно освоен од османлиите, и специјална концесија на градот Солун на брегот на Егејското море. Солун бил владеен од Мануил II пред да биде освоен од турците во 1387 година. По враќањето на Мануил II, Јован VII му го отстапил престолот и му било дозволено да се повлече во Солун, кој неодамна бил вратен на Византија. Тму тој владеел како полу независен владетел до крајот на својот живот (1403–1408), користејќи ја титулата „Цар на цела Тесалија“.[2]На Јован VII му било дозволено да ја зачува титулата цар (василеј), и го поистоветил својот млад син, Андроник V (роден во 1400), со самиот себе но на непознат датум, но Андроник V починал пред својот татко во 1407 година.

Семејство[уреди | уреди извор]

Со неговата сопруга Ирина Гатилусио, Јован VII Палеолог имал најмалку еден син:

  1. Андроник V Палеолог, византсики цар (совладетел)

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Elizabeth A. Zachariadou, "John VII (Alias Andronicus) Palaeologus", Dumbarton Oaks Papers, 31 (1977), pp. 339-342
  2. Necipoglu (2009), p. 39

Извори[уреди | уреди извор]

  • Barker, John (1969). Manuel II Paleologus (1391–1425): A Study in Late Byzantine Statesmanship. Rutgers University Press. ISBN 0-8135-0582-8. 
  • George T. Dennis, 'An unknown Byzantine emperor, Andronicus V Palaeologus', Jahrbuch der Oesterreichischen Byzantinistik 16 (1967), 175–187.
  • Franz Dölger, 'Johannes VII., Kaiser der Rhomäer', Byzantinische Zeitschrift 31 (1931), 21–36
  • Harris, Jonathan, The End of Byzantium. Yale University Press, 2010. ISBN 978-0-300-11786-8
  • Eurydice Lappa-Zizicas, 'Le voyage de Jean VII. Paléologue en Italie', Revue des Études Byzantines 34 (1976), 139–142.
  • Necipoglu, Nevra (2009). Byzantium between the Ottomans and the Latins: Politics and Society in the Late Empire. Cambridge University Press. ISBN 978-0-511-51807-2. 
  • Nicol, Donald MacGillivray (1993), The Last Centuries of Byzantium, 1261–1453, Cambridge University Press, ISBN 0-521-43991-4 
  • P. Wirth, 'Zum Geschichtsbild Kaiser Johannes VII.', Byzantion 35 (1965), 592–600.
Јован VII Палеолог
Роден(а): непознато 1370 Починал(а): непознато 1408
Владејачки титули
Претходник
Јован V
Византиски цар
1390
со Андроник V Палеолог
Наследник
Јован V