Леонтиј

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Леонтиј
Λεόντιος
Византиски император
Владеење 695–698
Родно место Исаврија
Починал(а) 15 февруари 706[1]
Место на смрт Константинопол
Претходник Јустинијан II Ринотмет
Наследник Тибериј III Апсимар
Династија Ираклиева династија
Дваесетгодишна анархија
Хронологија
Леонтиј 695–698
Тибериј III 698–705
Јустинијан II 705–711
со Тибериј совладетел, 706–711
Филипик Вардан 711–713
Анастасиј II 713–715
Теодосиј III 715–717
Наследување
Претходела
Ираклиева династија
Следела
Сириска Династија

Леонтиј (грчки: Λεόντιος, латински: LEONTIVS), (роден во Исаврија - 15 февруари 705 во Константинопол) бил византиски император кој владеел во периодот од 695 до 698 година. На власт дошол по успешниот заговор против неговиот претходник Јустинијан II Ринотмет, но исто преку нереди и заговори бил и тој соборен од престолот.

Рани години[уреди | уреди извор]

Леонтиј потекнува од Исаврија[2]. Во времето на Константин IV Погонат[2] бил стратег на тема Анадолија][3]. Во времето на Јустинијан II учествувал во воени кампањи против Арапите на калифот Абд ал-Малик (685-705). Во 686 година предводената од патрициј Леонтиј византиска армија го победила противникот во Ерменија и Грузија и достигнал до Кавкаска Албанија[3][2]. По византискиот пораз кај Севастополис во 692 година[1] и преминот на голем број словенски контингенти на арапска земја, Леонтиј паднал во немилост пред царот, кој наредил да го уапсат. Во 695 година Леонтиј е рехабилитиран и му било доверено управувањето на тема Елада[3][4].

Император[уреди | уреди извор]

Поранешниот стратег Леонтиј го зазел управувањето на земјата како резултат на удар. На крајот на 695 година со поддршка на партијата на "Сините" и на патријархот Калиник I Цариградски, Леонтиј бил прогласен за василевс[3][4]. Соборениот Јустинијан II бил казнет со пресекување на носот и заточение во Херсон.

Краткото управување на Леонтиј било запаметено со лоша борба против надворешните непријатели. Од територијата на империјата била одземена Лазика. Арапите извршиле успешни напади во Мала Азија и Латинска Африка. Доколку нивниот прв напад во насока кон Картагина бил одбиен од Византијците, тогаш вториот успеал да ја постигне својата цел.

Во 697 година Леонтиј ја испратил византиската флота чело со патрициј Јован да помогне на опколената од Арапите Картагина. Но овие акции на напаѓање преку копно и море се покажале како неуспешни. Како резултат на тоа, во 698 година Византија ја изубила Картагена[5], последната територија во Африка.

По поразот, византискиот флота се повлекла кон островот Крит со цел да се прегрупира[6]. Таму дел од командантите плашејќи се од царскиот гнев, решиле да го соборат Леонтиј. Откако го отстраниле патрициј Јован, тие го назначиле Тибериј, упраителот на тема Кивириотон за император[7]. Благодарение на поддршката од страна на партијата на "зелените"[8], тој лесно успеал да влезе во Константинопол.

Така, Леонтиј бил соборен од престолот а Тибериј крунисан за нов император. По негова наредба на Леонтиј му бил отсечен носот и заточен во манастир[3]. По новото доаѓање на власт на Јустинијан II во 705 година, Леонтиј бил погубен на хиподромот заедно со Тибериј[9].

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Kazhdan, pg. 1212
  2. 2,0 2,1 2,2 Moore, Leontius
  3. 3,0 3,1 3,2 3,3 3,4 Moore, R. Scott, "Leontius (695-698 A.D.)", De Imperatoribus Romanis(посетен на 16.03.2013 г.)
  4. 4,0 4,1 Острогорски, Ѓорги, Историја на Византија, Прозорец, С., 1998, стр. 204-205
  5. Острогорски, Ѓорги, Историја на Византија, Прозорец, С., 1998, стр. 205-206
  6. Norwich, pg. 334
  7. Bury, pg. 354
  8. Острогорски, Ѓорги, Историја на Византија, Прозорец, С., 1998, стр.206
  9. Norwich, John Julius (1990), Byzantium: The Early Centuries, Penguin, pg 337

Литература[уреди | уреди извор]