Адријан

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Хадријан
Publius Aelius Traianus Hadrianus
Bust Hadrian Musei Capitolini MC817.jpg
Роден 24 јануари 76
Италика, денешна Шпанија
Починал 10 јули 138
Италија

Адријан (латински:Publius Aelius Traianus Hadrianus) бил третиот римски цар од династијата на Антонините. Познат е и како Публиј Елиј Трајан Адријан

Животопис[уреди | уреди извор]

Римското Царство во 125 година, за време на владеењето на Адријан

Адријан е роден на 24 јануари 76 во градот Италика, во близината на Севиља, денешна Шпанија. Според натписот на еден споменик, еден од учителите на малдиот Хадријан бил софистот Исеј од Атина.[1]

Со Римското Царство управувал од 8 август 117 година до 10 јули 138 година, а негов наследник бил Антонин Пиј. За време на неговото владеење, Римската империја била во мир и спокојство во текот на 21 година. Во 120 година, тој го изградил храмот Пантеонот во Рим, една од најзачуваните објекти од времето на Римското Царство, како и храмот на Зевс во Атина. Исто така, во 122 година го изградил познатиот Адријанов ѕид во Велика Британија.

Царот Адријан покажувал голем интерес за уметноста при што и тој самиот пишувал стихови. На пример, есента 124. година, „на бреговите на Хеликон, крај Нарцисовиот извор“, ги напишал песните „Љубов“ и „Ураниската Венера“, кои се врежани на внатрешниот ѕид на храмот во Теспија. Според сведоштвото на Паусанија, приближно во истото време, царот Хадријан напишал уште една песна на Епаминондиниот гроб во Мантинеја, но таа не е сочувана. Неговата најпозната песна е „Animula vagula blandula“.[2][3]

Значење и влијание[уреди | уреди извор]

Животот на царот Адријан е тема на едно од најпознатите дела на француската писателка Маргерит Јурсенар, романотМемоарите на Адријан“, објавен во 1951 година.[4]



Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Маргерит Јурсенар, „Напомене“, во: Хадријанови мемоари. Београд: Новости, 2004, стр. 331.
  2. Маргерит Јурсенар, „Свеска са белешкама за „Хадријанове мемоаре“, во: Хадријанови мемоари. Београд: Новости, 2004, стр. 318.
  3. Маргерит Јурсенар, „Напомене“, во: Хадријанови мемоари. Београд: Новости, 2004, стр. 336.
  4. Маргерит Јурсенар, Хадријанови мемоари. Београд: Новости, 2004.