Јустин I

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Јустин I
Византиски император

Тремиз од императорот Јустин I
Владеење 518 – 1 август 527
Полно име Исток (рано во животот)
Флавиј Јустин
Роден(а) 2 февруари 450
Родно место Бедријана, близу Најсус (Ниш, Србија)
Починал(а) 1 август 527 (воз. 77 г.)
Претходник Анастасиј I
Наследник Јустинијан I
Придружник на Ефимија
Династија Јустинова династија

Јустин I (латински: Flavius Iustinus Augustus, старогрчки: Ἰουστίνος; 2 февруари 450 – 1 август 527) бил византиски владетел од 518 до 527. Тој се издигнал преку воените редови и последователно станал владетел и покрај фактот дека тој бил неписмен [1] и речиси 70 години стар во времето на наспедувањето на престолот. Неговото владеење било од големо значење за основањето на Јустинијановата династија од која бил дел неговиот познат внук Јустинијан I и за воспоставувањето на законите кои го онеспособиле влијанието на старото римско благородништво. Неговата сопруга била царицата Ефимија.

Рана кариера[уреди | уреди извор]

Јустин бил селанец и овчар по професија[2] од областа Дарданија, која е дел од Префектурата Илирикум.[3] Тој бил роден во Бедеријана близу Скупи (денешно Скопје, Македонија).[2][4] Тој бил од дако-римско или илиро-римско потекло,[5][6][7][8][9][10][11][12][13] и никогаш не научил да зборува повеќе од обичниот грчки јаик, како неговите придружници и роднини (Цимарх, Дитивист, Борајд, Бигленица, Сабациј и др.).[5][14] Неговата сестра Вигиланција (родена окулу 455) се омажила со Сабациј и имале две деца: Јустинијан I (роден 483) и Вигиланција (родена окулу 490), којашто се омажила со Дулкизим и им се родила Прајекта (родена окулу 520), којашто се омажила со сенаторот Ареобинд и Јустин II (роден окулу 520).

Како тинејџер, тој и двајца придружници избегале од барбарска инвазија, земајќи засолниште во Константинопол без да поседуваат ништо повеќе од искинатите алишта на нивните грбови и торба леб. Јустин набргу се придружил на војската и поради неговата способност се издигнал до генерал под раководство на владетелот Анастасиј I. До моментот на смртта на Анастасиј I во 518, тој бил на влијателната позиција „комес ексубиторум“, командант на кралската гарда..[15]

Владетел[уреди | уреди извор]

Благодарение на неговата позиција раководејќи со единствените војници во градот и од тоа правејќи многу парични подароци, Јустин успеал да обезбеди избор за владетел во 518.

Војник со малку познавање од државното раководење, Јустин мудро се опкружил со негови верни надгледници. Најпознат од овие бил, секако, неговиот внук Флавиј Сабациј, кого го посвоил како негов син и вложувал во него под името Јустинијан.

Јустиновото владеење е важно за решавањето на Акакиевата шизма помеѓу источните и западните гранки на христијанската црква. Како одан католик, Јустин го изнел римското гледиште на прашањето за двојната природа на Исус и поопштиот принцип на римската надмоќ. Ова привремено источно одложување на западната црква не се случило.

Потпирајќи се на сметките на историчарот Прокопиј, многу често се зборува дека Јустинијан управувал со империјата во името на неговиот чичко за време на владеењето на Јустин. Сеедно, има многу докази кои го покажуваат спротивното. Информациите од „Тајната историја“ на Прокопиј биле објавени постхумно. Критичари на Прокопиј (чија работа открива човек сериозно разочаран со неговите владетели) ја отфрлиле неговата работа како сериозно пристрасен извор, исполнета со горчина и порнографија, но без други извори, критичарите не се во можност да појаснат некои од наводите во публикацијата. Сеедно, спротивно од „Тајната историја“, Јустинијан не бил назначен за наследник сè до една година пред Јустиновата смрт и тој потрошил 3,700 фунти злато за време на прославата во 520.[16]

Во 525, Јустин укинал зкон кој забранувал член од сенаторска класа да се жени со жена од пониска класа во општеството, вклучувајќи го и театарот, кој се сметал за скандалозен во тоа време. Тој потег го отворил патот на Јустинијан за да се ожени со Теодора, поранешна „нема актерка“ и резултирало со големи промени во старите класни разлики во царскиот дворец. Таа станала еднаква со Јустинијан, земајќи учество во владеењето со огромно влијание.

Доцни години[уреди | уреди извор]

Подоцнежните години од владеењето на Јустин биле обележани со судири помеѓу империјата, Остроготите и Персијците. Во 536, Јустиновото здравје почнало да се влошува и формално го прогласил Јустинијан за ковладетел и на 1 април 527 како негов наследник. На 1 август истата година, Јустин умрел и бил наследен од Јустинијан.

Наследство[уреди | уреди извор]

Градот Анзарба бил преименуван Јустинопол во 525, во чест на Јустин I.

Забелешки[уреди | уреди извор]

  1. Chapman, H. John (1971). Studies on the Early Papacy. Kennikat Press, University of Michigan. стр. 210. ISBN 0-8046-1139-4. 
  2. 2,0 2,1 Cameron, Averil, „Chapter III: Justin I and Justinian“, The Cambridge Ancient History, XIV: Late Antiquity: Empire and Successors, Cambridge University Press, стр. 63, ISBN 978-0-521-32591-2, http://books.google.com/books?id=Qf8mrHjfZRoC&lpg=PA63&dq=Justin%20I%20%20Illyricum&lr&pg=PA63#v=onepage&q&f=false 
  3. Binns, John (1996). Ascetics and Ambassadors of Christ: The Monasteries of Palestine, 314–631. Clarendon Press. http://books.google.com/books?id=pChoU6Ux2gYC&pg=PA11&dq=Justin+I+Dardania&lr=&sig=sak3d5BkL32-UEnxEl50rLpkL04. 
  4. The Encyclopedia Americana, Volume 16, Grolier Incorporated, 1989, стр. 244, http://books.google.com/books?id=ugUaAAAAMAAJ&q=Justin+I++Bederiana+Nis&dq=Justin+I++Bederiana+Nis&lr=&pgis=1 
  5. 5,0 5,1 Russu, Ion I. (1976) (на Romanian). Elementele traco-getice în Imperiul Roman și în Byzantium. veacurile III-VII. Editura Academiei R. S. România. стр. 95. 
  6. Iv Velkov, Velizar (1977). Cities in Thrace and Dacia in Late Antiquity: (studies and Materials). University of Michigan. стр. 47. 
  7. Browning, Robert (2003). Justinian and Theodora. Gorgias Press LLC. стр. 23. ISBN 1-59333-053-7. 
  8. Johnson, Scott Fitzgerald (2006). Greek Literature in Late Antiquity. Ashgate Publishing. стр. 166. ISBN 0-7546-5683-7. 
  9. The Secret History of Procopius tr. by Richard Atwater, 1927 p. 73.
  10. Count Marcellinus and His Chronicle by Brian Croke, p.75
  11. Justin the First: an introduction to the epoch of Justinian the Great by Aleksandr Aleksandrovich Vasilʹev , p.43
  12. Empires of Faith: The Fall of Rome to the Rise of Islam, 500-700 , by Peter Sarris, p. 135
  13. The Oxford Handbook of Late Antiquity by Scott Johnson, p.423
  14. Evans, James Allan Stewart (1996). Routledge. стр. 96. ISBN 0-415-23726-2. 
  15. Jones, A.H.M. (1986). The Later Roman Empire, 284–602: A Social, Economic, and Administrative Survey. Baltimore: JHU Press. стр. 658. ISBN 0-8018-3353-1. http://books.google.com/books?id=IiLtO4ZvTdEC&pg=PA658&lpg=PA658&dq=%22Comes+Excubitorum%22&source=web&ots=M8RQICB-bx&sig=G9M65aWE48v0hi8xJbRy2Ay3OJU&hl=en&sa=X&oi=book_result&resnum=1&ct=result. 
  16. Norwich, John Julius (1988). Byzantium: The Early Centuries. Viking. стр. 189. 

Наводи[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Јустин I
Роден(а): приближно 450 Починал(а): 1 август 527
Владејачки титули
Претходник
Анастасиј I
Византиска империја
518–527
со Јустинијан I (527)
Наследник
Јустинијан I
Политички функции
Претходник
Флавиј Анастасиј Паул Проб Мосхијан Магнус,
„Пост конзулат Агапит“ (Запад)
Конзул на Римската империја
519
со Флавиј Евтарик Цилица
Наследник
флавиј Рустициј,
Флавиј Виталијан
Претходник
Анициј Максим (сам)
Конзул
524
со Венанциј Опилиј
Наследник
Анициј Проб Јуниор
Флавиј Теодор Филиксен Сотерих