Елија Пулхерија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Пулхерија
Византиска императорка
Coin of Aelia Pulcheria
Владеење 414 – 450,
28 јули 450 – јули 453
Крунисување 28 јули 450
Полно име Елија Пулхерија
Роден(а) 19 јануари 398 или 399
Родно место Цариград
Починал(а) 453
Место на смрт Цариград
Претходник Теодосиј II
Наследник Маркијан
Придружник на Маркијан
Династија Теодосиева династија
Татко Аркадиј
Мајка Елија Евдоксија

Елија Пулхерија (19 јануари 399 - 453) била ќерка на императорот на Источната Римска империја Аркадиј и Елија Евдоксија.

Како сестра на Теодосиј II, таа се здобила со голема моќ, кога тој седнал на престолот како дете во 408 година. Таа дала завет за безбрачност, за да не може да биде принудена да се омажи и ја имала склонетоста да се потпира на поддршката на различни германски офицери како на пример Аспар. Од 416 Теодосиј веќе можел да управува самостојно, но таа имала многу силно влијание, прогласувајќи се за царицата во 414 година. Во истата година таа го натерала Теодосиј да ги тргне настрана сите еретици од државната служба. Како голема христијанка имала големо влијание и врз Теодосиј и неговата сопруга Елија Евдоксија, кои станале исто така побожни христијани.

Во 421 Теодосиј објавил војна на Персија под влијание на Пулхерија поради нивното прогонување на христијаните. Таа во исто време не се противела на аријанската ерес, која ја пропагирале германските племиња. Позната е со борбата против несторијанството. Првично Теодосиј го поддржувал архиепископот Несториј, но Пулхерија, со помош на архиепископот Кирил Александриски[1], го убедил да го смени својот став. Во организираниот Четврти вселенски собор во Ефес, таа преку своето влијание одиграла голема улога, по кое Несториј бил испратен во прогонство во 435 година. Таа исто така го убедила својот брат да ги протера евреите и да ги уништи синагогите во престолнината.

Во 441 евнухот Хрисафиј го убедил Теодосиј да ја тргне од власт на Пулхерија, по кое нејзиното место на влијание кај императорот било заземено од самиот Хрисафиј. Пулхерија станала калуѓерка, но во 450 кога Теодосиј починал, на Пулхерија и било дозволено да се врати во дворот. Хрисафиј и Пулхерија се бореле за власт по смртта на Теодосиј, во која борба како победник излегла Пулхерија кога се омажила за еден од командантите на Аспар, Маркијан. Таа на Маркијан му рекла: Бидејќи императорот почина, тогаш јас те избирам тебе, како најголем достојник од сите. Дај ми збор дека ќе ја почитуваш мојата девственост која сум ја ветила на Бога, а јас ќе те прогласам за император. Маркијан се согласил со зборовите на Пулхерија по кое патријархот го прогласил за нов император на земјата [2]. Кога Маркијан станал император, Хрисафиј бил егзекутиран.

Во 451 таа помогнала при организирањето на Соборот во Халкедон каде било конечно осудено несторијанството. Во текот на нејзиниот влијателен живот во дворецот, таа наредила изградба на неколку цркви и манастири во Цариград, посветени на Пресвета Богородица.

Таа починала во 453 година[3], оставајќи го Маркијан под влијание на Аспарт. Од страна на христијанската црква, Пулхерија е прогласена за светец[4].

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Cameron, Averil. The Mediterranean World In Late Antiquity AD 395-600 London, Routledge, 1993. p.22-23
  2. Теофан Исповедник: 443
  3. Jones, A.H.M, J.R. Martindale, and J. Morris. The Prosopography of the Later Roman Empire. Cambridge: Cambridge University Press, 1971.
  4. "...she became a saint of the church, both in West and in the East, where centuries later the faithful of Constantinople celebrated her memorial each year on September 10, bearing in mind her piety and virginity, her works of philanthropy and construction and especially her greatest triumph: 'she caused the holy synod to take place at Chalcedon'." Holum, Kenneth G. Theodosian Empresses: Women and Imperial Dominion in Late Antiquity. Berkeley and Los Angeles, California: University of California Press, 1982. p.227