Теодосиева династија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Теодосиевата династија е римска фамилија која управувала со двата делови на Римското Царство.

Основач на династијата е Флавиј Теодосиј, голем војвода кој ја спасил Британија од т.н. Голем заговор. Неговиот син, Флавиј Теодосиј бил прогласен за цар на Источната Римското Царство во 379 како Теодосиј I и за кратко ја обединил Римското Царство (394-395) по победата над узурпаторот Евгениј. Теодосиј I бил наследен од своите синови Хонориј во Западната и Аркадиј во Источната Римското Царство. Династијата на Теодосиј е поврзана со Валентинијановата династија откако Теодосиј I се оженил за Гала, ќерка на Валентинијан I. Последниот цар на Запад, кој припаѓал на династијата бил синот на Гала Плацидија, Валентинијан III, додека пак последниот цар на Исток бил Маркијан, зет на Теодосиј II. Подоцна внуката на Валентинијан III се омажила за Олибриј и Антемиј станал зет на Маркијан. Потомците на династијата продолжиле да бидат дел од источниот дел на империјата во Цариград до крајот на 6 век.