Аркадиј

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Аркадиј
Византиски император
Владеење 383 – 395
Полно име Флавиј Аркадиј
Роден(а) 377/8
Родно место Шпанија
Починал(а) 1 May мај (30 или 31)
Претходник Теодосиј I
Наследник Теодосиј II
Придружник на Елија Евдоксија
Деца Флацила
Елија Пулхерија
Аркадија
Теодосиј II
Марина
Династија Теодосиева династија
Татко Теодосиј I
Мајка Елија Флацила
Верска определба христијанство

Флавиј Аркадиј (латински: Flavius ​​Arcadius) (377 / 378-1 мај 408) бил император на Источната Римска империја во периодот од 395 до 408 година. Во некои историски извори, Аркадиј е претставен како првиот византиски император.

Аркадиј бил најголемиот син на Теодосиј I и Елија Флацила. Роден во Шпанија, непосредно пред стапувањето на Теодосиј на престолот, Аркадиј ја добил титулата август од својот татко во јануари 383 година и станал негов соимператор и наследник. Помалиот брат Хонориј исто така бил прогласен за август во 393 година. Откако Теодосиј I Велики починал во јануари 395 година Римската империја била поделена за последен пат на источна на чело со Аркадиј и западна на чело со Хонориј.

Управување[уреди | уреди извор]

Додека брат му бил под влијание на Стилихон, Аркадиј бил под влијание на еден од своите министри - Руфин. Некои сметаат дека Стилхон имал амбиции да ги контролира и двата браќа, па затоа тој се посочува како нарачател на убиството на Руфин од страна на готски наемници во 395 година. Во исто време, тој бил под влијание и на неговата сопруга, Елија Евдоксија. На оваа ситуација се спротиставил Јован Златоуст, патриарх на Константинопол.

Востание на Готите[уреди | уреди извор]

Притиснати од Хуните на североисток, готските федерати во Мизија и Панонија ја обновиле својата агресија против Римската империја. Во 395-400 година еден од вестготските главатари, Аларих I, кренал востание на федератите против империјата и неколку години ги ограбувал Тракија, Илирик и Грција, по што се насочил на запад кон Италија. Соочен со оваа закана Руфин одбил воено помош на западниот регент Стилихон, стравувајќи од неговите амбиции да ги контролира и двајцата императоори. Сепак Стилихон ја одбранил успешно империјата и во 397 година постигнал превласт над Аларих, по неколку години воени дејствија во Илирија.

По наредба на Руфин, војниците на Источната империја биле вратени во Константинопол, наместо да се борат со непријателот, но тоа довело до соборување и убиството на великодостојникот од готските платеници, Гаинас во ноември 395 година. Во секој случај новиот советник на Аркадиј станал Евтропиј, кој го зазел местото на Руфин. Во овој период имало неколку обиди за опсада и зазимање на Константиноопол.

Истовремено, Гаинас успеал да обезбеди поддршка од повеќето готски војници и застанал на чело на нов бунт против императорот (396 година). Обединетите сили на неколку остроготски и вестготски главатари ја ограбиле Тракија и околината на Константинопол и дури за некое време преминале во Мала Азија. Од тогаш датираат првите документи на Хуните во римска територија.

На крајот на краиштата, императорот Аркадиј бил принуден да ги прифати Готите во Константинопол и да го објави Гаинас за новиот magister militum во 399 година, откако Евтропиј станал доста непопуларен. Присуството на варварите-аријаните во главниот град, сепак наскоро предизвикало масовен народен бунт, во кој биле убиени околу 7.000 готски платеници по наредба на Аркадиј. Во немирите била запалена царската палата. Тогаш, со помош на друг готски војвода - Фравита, Гаинас и неговите војници биле протерани од градот во почетокот на 400 година. На следната година остатоците од готската бунтовничка армија била уништена во Мизија од Хуните, кои склучиле сојуз со источната империја.

По уништувањето на готската закана, во Константинопол бил изграден Форум на Аркадиј.

Последни години[уреди | уреди извор]

Аркадиј бил под влијание на својата сопруга Елија Евдоксија, која во 399 година го убедила на нејзиниот сопруг да го отпушти Евтропиј. Елија Евдоксија која влегла во конфликт со Јован Златоуст, наводно поради тоа што самиот тој имал голема контрола над Аркадиј. Јован Златоуст морал да побегне од градот. Кога населението дознало дека нивниот омилен патријарх е осуден, луѓето се кренале на бунт пред вратите на Големата палата и предизвикале пожар, уништувајќи голем дел од црквата Света Софија и дел од сенатот на плоштадот Августајон. Во 404 година починала Евдоксија, а населението на Константинопол оваа прерана смрт на Евдоксија ја протолкувале како казна за лошиот однос со Јован Златоуст.

Во остатокот од своето управување Аркадиј бил под влијание на Антемиј, преторијански префект кој склучил примирје со Стилихон на запад. Самиот Аркадиј не бил ангажиран во управувањето на империјата, бидејќи сакал да остане побожен христијанин. Аркадиј починал на 1 мај 408 година и бил погребан со неговата сопруга во црквата на Светите Апостоли. Во негово време бил изграден форумот каде се наоѓал столб. Негов наследникстанал седумгодишниот Теодосиј II.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]