Валентинијанова династија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето

Валентинијановата династија се состои од четири императори, кои управувале со Западната Римска империја од 364 до 392 и Источната Римска империја од 364 до 378 година[1][2][3].

Династијата е поврзана со Теодосиевата династија преку бракот на Теодосиј I (379-395) со ќерката на Валентинијан I. Од овој брак се родила Гала Плацидија, чиј син Валентинијан III станал западен император (425-455), иако технички тој не е ниту од Валентинијановата ниту од Теодосиевата династија. Иако Валентинијан III е последниот владетел, кој произлегува и од едната и од другата династија, неговите наследници продолжиле да бидат дел од римскиот нобилитет во Константинопол до крајот на шестото столетие.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Kulikowski, M. Rome's Gothic Wars: from the third century to Alaric. 2007. pg 162.
  2. McLynn, N. B. Ambrose of Milan: church and court in a Christian capital 1994. pg 169.
  3. Lenski, N. E. The Cambridge companion to the Age of Constantine. 2006. pg 103.