Прејди на содржината

Валенс

Од Википедија — слободната енциклопедија
Валенс
Цар на Римското Царство
На престол28 март 364 – 17 ноември 375 (цар на Источното Римско Царство, со неговиот брат Валентинијан I во Западното Римско Царство;
17 ноември 375 – 9 август 378 (источен цар со Грацијан и Валентинијан II)
ПретходникВалентинијан I
НаследникТеодосиј I
Роден(а)328
Винковци, денешна Хрватска
Починал(а)9 август 378(378-08-09) (aged 50)
Одрин
СопружникАлбија Доминика[1]
ДецаВалентинијан Галат,
Carosa,
Анастасија[1]
Полно име
Флавиј Јулиј Валенс
ДинастијаВалентинијанска династија
ТаткоГрацијан Стариот

Флавиј Јулиј Валенс (латински FLAVIUS IVLIVS VALENS AVGVSTVS; 3289 август 378) бил цар на Источното Римско Царство во периодот од 364 до 378 година, додека Западното Римско Царство била управувана од неговиот брат Валентинијан I. Валенс бил убиен во катастрофалната Битка кај Одрин во 378 година од страна на Готите.

Управување

[уреди | уреди извор]

Валенс на престолот застанал на 28 март 364 година во Цариград. Неговиот брат Валентинијан ги задржил за себе западните делови од империјата додека Валенс застанал на чело на источниот дел. Валенс бил неталентиран, нетактичен и неискуствен за разлика од својот брат, и поради поддршката на аријанството бил доста непопуларен. Во првите години на владеењето на Валенс се случил државен удар од страна на роднина на Јулијан Отпадник, Прокопиј, кој ја зазел престолнината. Во тоа време Валенс бил на поход против Персија и кога разбрал веднаш се вратил во градот и го погубил на узурпаторот. Конфликтите продолжиле кога друг роднина на Јулијан го зазел Халкедон, но и тој бил заробен и погубен. Како одмазда, Валенс наредил погубување на сите кои биле поврзани со конфликтот, како и рушење на ѕидините на Халкедон. Камењата од овие ѕидини биле искористени во изградба на аквадукт во Цариград. Голем дел од овој аквадукт постои денес во Истанбул, меѓу третиот и четвртиот рид. Во денешната населба Бакирќој (тогаш Хебдомон) била изградена резиденција на царот и во овој дел од градот од наследниците на Валенс започнале да се градат форуми, портици, палати, цркви и манастири.

Во 375 година избувнал бунт во Исаврија, биле обновени војните со Персија (375-378) и Сарацените (375). Во овие војни, империјата не постигнала поголем успех.

Готска војна

[уреди | уреди извор]

Во периодот на 4-5 век се забрзал процесот на т.н. Голема преселба на народите. Бегајќи од неповолните услови за живот номадски племиња од Средна Азија тргнале на запад. Притиснати од инвазијата на Хуните од исток, Готите побарале спас во римските територии на Балканот.

Во 367-369 година Римјаните воделе напната одбрана против готските племиња кои влегле во Мизија (Прва Готска војна). Царот Валентс лично ја водел кампањата и според договорот кој бил постигнат, Готите се населиле на римска територија во земјите околу Дунав и добиле статус на федерати со ограничена автономија. Во замена тие требало да учествуваат во империјалната војска во случај на војна. Но, државните службеници со Готите се однесувале многу лошо, понижувајќи ги и ограбувајќи ги. Ова довело до незадоволство кое се проширило во бунт.

Настаните од 376-378 година имале многу фатални последици за судбината на империјата. Обединетите племиња-федерати започнале да ја пустошат Тракија. Наскоро тие биле поддржани од незадоволни римски поданици: посиромашни селани или робови, со кое бунтот стекнал и социјален карактер. Империјата морала да ја прекине војната со Персија. Валенс не го чекал својот колега од западот, Грацијан, туку одлучил сам да се справи со востанието. Така со своите сили, Валенс тргнал кон север.

Битка кај Одрин

[уреди | уреди извор]

Во топлото летно попладне на 8 август 378 година се одвила Битката кај Одрин (Адријанопол). Валенс избрзано им наредил на своите изморени војници да започнат со битка. Римската армија доживеала голем пораз во битката, а самиот цар бил ранет од стрела и заробен. По заробувањето бил внесен во една куќа, по кое куќата била опожарена, а самиот Валенс жив изгорен.

Надворешни врски

[уреди | уреди извор]