Андроник IV Палеолог

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Андроник IV Палеолог
Цар на Византија
Андроник IV
Владеење 12 август 1376 – 1 јули 1379
Полно име Андроник IV Палеолог
Роден(а) 2 април 1348
Родно место Константинопол, Византија
Починал(а) 28 јуни 1385
Место на смрт Селимбри, Византија
Претходник Јован V
Наследник Јован V
Придружник на Кераца Марија
Деца Јован VII
two daughters
Татко Јован V
Мајка Елена Кантакузина

Андроник IV Палеолог (2 април 134828 јуни 1385) — виантиски цар од 1376 до 1379 година.

Живот[уреди | уреди извор]

Андроник IV Палеолог бил најстариот син на Јован V и неговата сопруга Елена Кантакузина. Негови дедо и баба од страна на мајка му биле Јован VI и Ирина Асанина.

Иако бил совладетел со неговиот татко од почетокот на 1350-ите, Андроник IV се побунил кога османлискиот султан Мурат I го принудил Јован V да стане вазал во 1373 година. Андроник IV се здружил со Муратовиот син Савчи Бег, кој пак се побунил против сопствениот татко, но и двата бунта пропаднале. Мурат I го ослепил и погубил својот син и побарал Јован V да го ослепи и Андроник IV, но Јован V го ослепил Андроник само на едното око.[1]

Владеење[уреди | уреди извор]

Во јули 1376 година, џеновјаните му помогнале на Андроник да избега од затворот, одкаде се упатил директно кон султанот Мурат I, и се согласил да го врати Галиполи, а за возврат да ја добие неговата поддршка. Галиполи бил завземен од византијците пред 10 години, со помош на Амадеј VI Савојски. Султанот за возврат му дал мешана сила од коњаница и пешадија, со кои Андроник бил во можност да ја превземе контролата на Константинопол. Така тој успеал да го зароби и затвори Јован V и неговиот син Мануил.

Сепак, тој направил грешка кога ги поддржал џеновјаните отстапувајќи им го Тенедос. Тамошниот владетел одбил да го предаде островот и им го дал на венецијанците. Истата година, 1377 година, го крунисал својот млад син Јован VII како совладетел. Сепак во 1379 година Мануил избегал кај султанот Мурат, и со помош на венецијанците, го соборил Андроник при крајот на годината. Венецијанците го поставиле Јован V на престолот, и Мануил II. Андроник избегал во Галата, и останал таму до 1381 година, кога повторно бил прогласен за совладетел и наследник на престолот и покрај претходните предавства. Андроник IV исто така го добил и градот Селимбрија (Силиври) како негово лично владение. Сепак, тој починал пред својот татко во 1385 година, и никогаш не владеел како законски владетел.

Семејство[уреди | уреди извор]

Со својата сопруга Кераца Марија, ќерка на Иван Александар и неговата втора сопруга Сара-Теодора, Андроник IV имал три деца:

Семејно стебло[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Gibbon, Edward, Decline and Fall of the Roman Empire, Modern Library, v. iii, p. 651

Дополнителна литература[уреди | уреди извор]

  • Harris, Jonathan, The End of Byzantium. Yale University Press, 2010. ISBN 978-0-300-11786-8
  • Nicol, Donald M., The Last Centuries of Byzantium. Cambridge University Press, 1993, 2nd edition. ISBN 0-521-43991-4
  • Oxford Dictionary of Byzantium. Oxford University Press, 1991.
Андроник IV Палеолог
Роден(а): 2 април 1348 Починал(а): 28 јуни 1385
Владејачки титули
Претходник
Јован V
Византиски цар
1376–1379
со Јован VII (1377–1379)
Наследник
Јован V