Максимин Трак

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Максимин Трак
Gaius Iulius Verus Maximinus
Maximinus Thrax Musei Capitolini MC473.jpg
Роден 173
Мизија или Тракија
Починал 238
Аквилеја, денешна Италија


Максимин Трак (латински:Gaius Iulius Verus Maximinus Thrax или Iulius Verus Maximinus Thrax) бил римски цар. Роден е во 173 година. Попознат е и како Гај Јулиј Вер Максимин. Со Римската империја управувал од 235 година до 238 година. Негов наследник е Гордијан I. Тој е првиот варварин кој станал римски цар, како и првиот цар кој никогаш не го видол Рим. Тој е еден од трите т.н. воени императори од 3 век.