Алексиј II Комнин

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Алексиј II Комнин
Византиски император
Алексиј II од Promptuarii Iconum Insigniorum на Гијом Рује.
Владеење 24 септември 1180 – октомври 1183
Роден(а) 10 септември 1169(1169-09-10)
Родно место Константинопол
Починал(а) октомври 1183 (воз. 14 г.)
Место на смрт Константинопол
Претходник Мануил I Комнин
Наследник Андроник I Комнин
Придружник на Ана Француска
Татко Мануил I Комнин
Мајка Марија Антиохиска

Алексиј II Комнин (грчки: Αλέξιος Β’ Κομνηνός, Alexios II Komnēnos) (10 септември 1169 – октомври 1183, Константинопол), Византија (1180–1183) — син на владетелот Мануел I и Марија Антиохиска, ќерка на Рајмунд, антиохиски принц.[1] Тој бил долго очекуваното момче и бил именуван Алексиј за исполнување на пророштвото „АЈМА“.

Владеење и смрт[уреди | уреди извор]

За време на смртта на Мануел во 1180, Марија, којашто станала калугерка под името Ксена, ја заземала позицијата на владеење (според некои историчари). Таа го оттргнала нејзиниот млад син од моќ, доверувајќи му ја на Алексиј (братучед на Алексиј II) титулата „протосеваст“, кој се верувало дека е нејзин љубовник. Пријатели на младиот Алексиј II се обиделе да состават дружина против царицата и протосевастот. Полусестрата на Алексиј II по име Марија, жена на Цезар Џон, предизвикала немири на улиците на главниот град.

Нивната дружина била поразена на 2 мај 1182, но Андроник I, прв братучед на царот Мануел, ја искористил шансата за придобивање на круната поради нестабилноста. Влегол во Константинопол, така што примил речиси божествени почести и ја отстранил владата. Неговото пристигнување било прославено со масакрирање на 80,000 латини во Константинопол, посебно венециските трговци, на кое му немало престан. Тој дозволил Алексиј II да биде крунисан, но бил одговорен за смртта на повеќето млади бранители на царот, вклучувајќи ја неговата мајка, неговата полусестра и Цезар, а исто така не му дозволил да говори за јавните односи.

Империјата во 1180, кога Алексиј II сранал владетел.

Свршувачката во 1180 на Алексиј II со Ана Француска, ќерка на Луј VII Младиот и неговата трета жена Адела Шампањска и во тоа време деветтото дете, не било проследено со нивниот брак. Андроник тогаш бил формално прогласен за ко-владетел пред толпата на терасата на црквата „Арслан Хане“, и не многу подоцна, под изговор дека споделеното владеење е витално за империјата, направил Алексиј II да биде удавен со јаже од лак во октомври 1183. За време на владеењето на Алексиј, Византија била окупирана од кралот Бела III, резултирајќи со губење на Срем и Босна и потпаѓајќи во рацете на Унгарија во 1181. Подоцна дури и Далмација била освоена од Венецијанците. Арслан II ја окупирал Византија при опсадата на Ќутахија, резултирајќи со губење на Ќутахија и Созопол.

Опишан во фикција[уреди | уреди извор]

Алексиј е лик во историската новела „Ана Француска“ (1980) од грчкиот писател Костас Кирјазис. Во новелата се раскажува за настаните кои се случиле за време на владеењето на Мануел I, Алексиј II и Андроник I, низ очите на Ана.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Забелешки[уреди | уреди извор]

  1. Како алтернативна година на раѓање се споменува 1168,(van Dieten 1975, стр. 169) што се заснова на тврдењето на Гијом Тирски дека Алексиј имал 13 години во 1180. На некои места се споменува дека годината на раѓање е 1169, но дека датумот е 14 септември (Magoulias 1984, стр. 383).

Литература[уреди | уреди извор]

Извори[уреди | уреди извор]


Надворешни врски[уреди | уреди извор]

Алексиј II Комнин
Комнинова династија
Роден(а): 14 септември 1169 Починал(а): октомври 1183
Владејачки титули
Претходник
Мануил I Комнин
Византиски император
1180–1183
Наследник
Андроник I Комнин