Срем

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Карта на областа Срем. Поделена меѓу Хрватска и Србија.

Срем е географски регион во Панонската Низина меѓу реката Дунав, на север и исток реката Сава до Дунав, на југ. Западната граница не е јасно дефинирана. По едно мислење, Срем е на запад ограничен со реките Босут и Вук, додека од друга страна западната граница на Срем ја сочинува денешната граница на Вуковарско-сремската област.

Географија[уреди | уреди извор]

Срем е во најголем дел рамничарска низина со просечна надморска височина од 70-80м ако одиме од југ таа расте од Сава, до Дунав на север. Највисокиот врв се наоѓа на Фрушката гора. Се вика Црвен Чет и неговата висина изнесува 539м. Фрушката Гора е долга од 78км, а најголемата ширина изнесува 15км. Повришината на Фрушка Гора е околу 500 km². Се смета за спој помеѓу Словенската и Шумадиската планина. Настанала во палеозоикот и претставува заостанат дел од старото Панонско копно, чија главна маса длабоко потонала. Освен Фрушката Гора, покрај Сава се простираат ниски алувијални рамнини, над нив се ниже терасна заравна, а после нив Сремскиот зараван, кој се простира околу Фрушката Гора, од Земун до Вуковар.

Население[уреди | уреди извор]

Градовите и селата во Срем припаѓаат на панонското население. Во овој дел на Војводина, ако го приклучиме и Мачва, има околу 100 населени, од кој десет припаѓаат на градското население. Тоа се Сремска Митровица покрај Сава, Нов Белград покрај Сва и Дунав, Земун, Сремски Карловци и Петроварадин покрај Дунав, додека воо внатрешноста на Срем се наоѓа Шид, Рум, Нова Пазова, Стара Пазова и Инѓија. Најмногу населени во Срем се Земун и Нов Белград, меѓутоа тие се приклучени на градската територија на Белград, па земаат улога во Срем има Сремска Митровица.

Наводи[уреди | уреди извор]