Никифор I

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Никифор I
Цар на Византија
Nicephorus I Logothetes.jpg
Никифор I, од Manasses Chronicle.
На престол 31 октомври 802 – 26 јули 811
Претходник Ирена
Наследник Ставрикиј
Деца
Ставрикиј
Прокопија
Починал(а) 26 јули 811
Плиска

Никифор I (грчки: Νικηφόρος Α΄, Nikēphoros I, „Носач на победа“; п. 26 јули 811 г.) — византиски цар од 802 до 811 година, кога бил убиен во битката кај Плиска.

Патрициј од Селеуса Сидера, Никифор бил назначен за министер за финансии од царицата Ирена. Со помошта на патрициите и евнуците успеал да ја симне од престолот и да ја протера Ирена и да биде избран како цар на нејзино место на 31 октомври 802 година. Го крунисал неговиот син Ставрикиј како негов помошник во 803 година.

Неговото владеење било загрозено од Барданес Туркос, еден од највештите генерали, кој бил револтиран и добил поддршка од другите команданти, најмногу од подоцнежните цареви Лав V Ерменец и Михаил II во 803 година.

Но, Никифор ги придобил вторите двајца и со поттикнување бунтовниците да се разделат успеал да го зароби Барданес, кој бил ослепен и пратен во манастир. Заговорот предводен од патрицијот Арсабер имал сличен тек.

Никифор започнал општа реорганизација на Царството, создавајќи нови теми на Балканот (каде започнал повторна хеленизација со населување Грци од Анадолија) и засилување на границите. Потребата од големи суми за зголемување на воената сила, посветил голема енергија за зголемување на приходите на Царството. Со неговите силни даночни такси одземал имот во корист на државата и особено на свештенството, кого инаку го контролирал умерено. Иако назначил патријарх кој ги почитувал иконите, Никифор, царот Никифор бил претставен како зло од верските историчари како Теофан Исповедникот.

Во 803 година, Никифор склучил договор, наречен „Никифорски мир“, со Карло Велики, но одбил да го признае неговиот царски дигнитет. Врските се влошиле и довеле до војна за Венеција во периодот 806–810. Во текот на војната, Никифор поттикнал венецијанско бунтовништво во 807 година, но имал големи загуби од Франките. Конфликтот бил разрешен по смртта на Никифор, а Венеција, Истра, далматинскиот брег и Јужна Италија биле доделени на Истокот, додека Рим, Равена и Пентаполис биле доделени на Западот.

Со одбивање на таксата која Ирена се согласила да ја плати на калифот Харун ел Рашид, Никифор објавил војна против Арапите. Бил приморан да отиде да се бори самиот поради нелојалноста на Барданес, доживувајќи тежок пораз на Битката кај Красос во Пригија (805). Во 806 година, муслиманска армија од 135.000 војници навлегле во Царството. Неспособен да одговори на муслиманските бројки, Никифор се согласил да прогласи мир под услов на плати 50.000 номизмата веднаш и годишна такса од 30.000 номизмата. Со борбата за наследство во калифатот по смртта на Харун ел Рашид во 809 година, Никифор бил слободен да се договори со Крум, хан на Бугарија, кој ја напаѓал северната граница и само што ја освоил Сердика (Софија).

Во 811 година, Никифор ја освоил Бугарија, поразувајќи го Крум два пати и го опколил бугарскиот главен град Плиска; меѓутоа, во текот на повлекувањето на Никифор, византиската војска била ставена во заседа и имала големи загуби во планинските превои на 26 јули од Крум. Никифор бил убиен во битката, втор византиски цар кој ја имал оваа судбина од Валенс во Битката кај Адријанопол (9 август 378). Крум се вели дека направил чаша за пиење од черепот на Никифор.

Семејство[уреди | уреди извор]

Од непозната жена, Никифор I имал најмалку две деца:

Наводи[уреди | уреди извор]

  • Norwich, John J. (1991). Byzantium: The Apogee. Alfred A. Knopf, Inc.. ISBN 0-394-53779-3. 
Никифор I
Роден(а): VIII век Починал(а): 26 јули 811
Владејачки титули
Претходник
Ирена
Византиски цар
802–811
Наследник
Ставрикиј