Прејди на содржината

Јустин II

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јустин II
Роден 520
Починал 5 октомври 578
Цариград

Јустин II (лат.Flavius Iustinus (Iunior) Augustus) бил цар на Византија од 565 година до 578. Тој бил внук на царот Јустинијан I, а бил оженет за Софија, внука на царица Теодора, која за време на неговите напади на лудило дејствувала како регент. Станал владетел по смртта на својот чичко. Првите години од неговото управување биле успешни. Успеал да ги плати долговите на Јустинијан I, објавил заедна толеранција на религиите. Има намера да направи реформи во државата, но тоа било саботирано од аристокрацијата и управнците на провинции. Исто така не успеал неговиот обид да ги помири православните со монофизитите.

Во 568 година лангобардите ја нападнале Италија и скоро ја зазеле целата земја. Набргу потоа биле изгубени и многу градови во Шпанија и Северна Африка. Јустин не успеал да ја одбрани, бидејќи требало да штити северните граници на империјата од аварите. На почеток одбил да им плаќа данок, но наредните борби со нив биле неуспешни. Во 572 година дошло и да војна со Персија, во која Византија ја загубила Сирија. Јустин договорил мир на висока цена, а тоа плаќање на годишен данок. Бидејќи немал деца, Јустин II избрал за негов наследник на престолот генералот Тибериј II.