Ираклиј I

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Ираклиј I
Византиски император
Владеење 5 октомври 610 – 11 февруари 641
Крунисување 5 октомври 610
Полно име Флавиj Ираклиј
Роден(а) околу 575
Родно место Кападокија, денешна Турција
Починал(а) 11 февруари 641
Претходник Фока
Наследник Константин III Ираклиј
Ираклиј II
Придружник на Фабија Евдокија
Мартина
Деца Константин III Ираклиј
Ираклиј II
Јован Аталарих
Династија Ираклиева династија
Татко Ираклиј Стариот
Мајка Епифанија
Ираклиева династија
Хронологија
Ираклиј I 610–641
со Константин III совладетел, 613–641
Константин III 641
со Ираклиј II совладетел
Ираклиј II 641
Констанс II 641–668
со Константин IV (654–668), Ираклиј и Тибериј (659–668) совладетели
Константин IV 668–685
со Ираклиј и Тибериј (668–681), и Јустинијан II (681–685) совладетели
Јустинијан II 685–695, 705–711
со Тибериј совладетел, 706–711
Наследување
Претходела
Јустинијанова династија и Фока
Следи
Дваесетгодишна анархија

Флавиj Ираклиј Август (латински: Flavius ​​Heraclius Augustus; грчки: Ηράκλειος, Hērakleios), (575 година - 11 февруари 641 година) бил византиски император кој владеел во периодот од 5 октомври 610 година до 11 февруари 641 година. Познат и како Ираклиј I.

Означувајќи го почетокот на својата династија, тој се претставил како способен реформатор, вовел длабоки промени во византискиот менаџерски и воен ред. Создал организација на провинциите по теми. Ираклиј исто така ги неутрализирал Персијците и Аварите како непријатели. За време на неговото управување започнале првите судири меѓу христијани и муслимани, како последица на што империјата ги загубила Светата земја, Сирија и Египет. Ираклиј I одржувал добри односи со владетелот на Голема Бугарија хан Кубрат, кого во 635 година го удостоил со титулата патрициј.

Доаѓање на власт[уреди | уреди извор]

Ираклиј се родил во семејството на кападокиски Ерменци, (највероратно Аршакиди[1]) а негов татко бил поранешен гувернер на Картагина и прочуен војсководец со исто име како и неговиот син - Ираклиј. Како генерал имал голема улога во војната во 590 година против Персиската империја, под власта на царот Маврикиј[2]. Не се знае точното место на раѓање на царот Ираклиј, но сигурно својата младост ја поминал во Северна Африка.

Во 608 година татко му како африкански егзарх заедно со неговиот брат Григориј, според хиерархијата во семејството, покренале буна против узурпаторот Фока, кој го симнал од престолот на Маврикиј шест години пред тоа. Востаниците исекле свои монети, на кои се гледаат двајцата Ираклии со царски атрибути, иако никој од нив не бил прогласен за император[3] . По ова тие успеале да соберат војска и флота. Никита, син на Григориј и прв братучед на Ираклиј започнал напади по копно во Египет, и откако во 609 година го поразил на Бонос, генералот на Фока, се прогласил за гувернер на провинцијата.

Во исто време младиот Ираклиј се приклучил со флотата на исток, поминувајќи низ Сицилија и Кипар. Во околината на Константинопол влегол во контакт со аристократите од градот, кои го убедиле дека ќе биде добредојден. При неговото пристигнување во градот, Ескувитите (елитната царска гарда, која се наоѓала под власта Фока) поминале на страна на Ираклиј и тој успеал да влезе во градот без отпор. Заробениот Фока бил донесен кај Ираклиј, кој го прашал: "Значи така управуваш со државата !?", на кое Фок му а одговорил: "Ти едвај ќе управуваш подобро!". Фока веднаш бил обезглавен од Ираклиј, а неговото тело било изгорено на Биковскиот форум[4]. По овој настан, Ираклиј бил прогласен за император на Римската империја.

На 5 октомври 610 година Ираклиј бил крунисан во црквата Света Софија, малку потоа се оженил за својата свршеница, Фабија Евдокија. Царицата, многу почитувана во Констанинопол починала во 612 година по кое Ираклиј склучил втор брак со својата внука Мартина.[5].

Војна со Персија[уреди | уреди извор]

Кога Ираклиј ја зазел власта, империјата сe наоѓала во многу критична состојба. Бунтот на Фока против Маврикиј во 602 година ја оставил дунавската граница незаштитена[6], овозможувајќи влез на Аварите на Балканот. На источната граница Хозрој II, поранешен сојузник на императорот Маврикиј, го искористил неговото убиство како изговор за прогласување на војна со Византија. Во персискиот двор имало човек кој тврдел дека е Теодосиј - син на Маврикиј и Хосрој ги бранел претензиите му за тронот. Во времето на узурпатор Фока, Персија излегувала како победник, и самите Персијци пристигнале до Сирија. Една година пред Ираклиј да се качи на престолот, персискиот генерал Шахрбараз ја зазел Антиохија.

Иако императорот Ираклиј се обидел да склучи мир, Хозрој одбил да преговара сметајќи го сеуште за узурпатор. Првите воени дејствија на Ираклиј завршиле неуспешно и Персијците продолжиле на запад. Тие го зазеле Дамаск во 613, а во 614 и Ерусалим, каде војниците предизвикале големи оштетувања на базиликата на Светиот гроб, во кое време бил украден и Светиот крст. По ова, тие продолжиле кон Египет и навлегле во Анадолија[6].

Во првите десет години од неговото владеење, ситуацијата стана толку сериозна што Ираклиј навистина започнал да ја разгледува можноста за пренесување на престолнината на империјата во Картагина. На крајот решил да остане на исток и се зафатил со преорганизирање на византиската војска и организирање на византиска административна единица наречена тема.

По реструктуирањето на војската, Ираклиј застанува на чело на армијата и заминал во војната против Персијците. Така тој станал првиот император кој заминал лично во кампања против надворешен непријател од времето на Теодосиј I. Верувајќи на фактот дека Константинопол е добро заштитен и откажувајќи се од една исцрпувачка војна за враќање на изгубената провинции, во пролетта 622 година на чело на еден силен контингент тој испловил преку Црното Море со цел да навлезе преку копно на терирторијата на Персиската империја. Ираклиј го победил Шахрбараз во есента истата година, некаде во Кападокија. Кампањата на исток продолжила во следните неколку години.

Опсада на Константинопол[уреди | уреди извор]

Во 626 година, во отсуство на царот Ираклиј, Константинопол бил опколен од Аварите, но обидите на Персијците да помогнат на новите сојузници, поминувајќи низ Босфор пропаднале поради силната византиска флота. Населението на градот, предводено од патријархот Сергиј, дал силен отпор и Аварите ја завршиле опсадата. Во тоа време Ираклиј го убедил генерал Шахрбараз дека Хосрој II наредил неговото убиство од завист, со кое постигнал негова неутралност.

Во решавачката битка кај Ниневија во 627 година, византиските сили им на еле голем пораз на Персија, но самиот шах и покрај поразот не го прифатил мирот, по кое Ираклиј продолжил да напредува кон Ктесифон, главниот град на Персија. Пред византиските легии да стигнат до градот, персиската аристократија го детронизирала Хосрој II. Наследникот на престолот потпишал мировниот договор, враќајќи и ги на Византија сите територии освоени од Персијците. Династијата на Сасанидите никогаш не се опоравила од овој пораз. На 14 септември 628 година победникот Ираклиј се вратил триумфално во Константинопол.

Состојба во империјата[уреди | уреди извор]

Во 630 година Ираклиј го достигнал својот врв на својата моќ и слава, одејќи свечено во Ерусалим, каде го ставил повторно крстот во црквата на Светиот гроб. Во тоа време Мухамед успеал да ги обедини номадските племиња од Арапскиот Полуостров и само неколку години потоа исламските сили започнале инвазија кон териториите на Византија.

Во чест на победите Ираклиј ја прифатил персиската титула "Цар на Царевите", напуштајќи ја старата царската титула "Augustus". Набргу потоа започнал да се нарекува василевс (гр. Βασιλεύς, лат. Basileus - грчки збор што значи "владетел"), титула која ја користиле сите останати византиски императори, до распаѓањето на земјата. Исто така, во негово време латинскиот официјално бил сменет со грчкиот јазик. Неговото владеење ја одбележила византиската цивилизација со хеленски карактер.

Во обид да го спаси верско единство на империјата, загрозена од монотелитите, Ираклиј се обидел да најде компромис меѓу монотелитството, доктрина пропагирана од Сергеј I Цариградски, која се сметала за еретичка од папа Јован IV. Кога монотелитските провинции биле освоени од исламот, монотелизмот ја игубил својата важност.


Почеток на арапската експанзија[уреди | уреди извор]

Постојаните војни меѓу Персија и Византија кон 6 и 7 век, и периодичната појава на епидемијата од чума (Јустинијанова чума) ги оставила и двете империи исцрпени и ранливи во лицето на ненадејната појава и ширење на исламот. Последната војна со Персија завршила со победа на Византија, а Ираклиј I ги вратил изгубените територии во Сирија и Палестина заедно со Ерусалим во 629 година[7].

Во Левант, инвазијата на Праведниот калифат била пречекана од византиската војска составена од императорска и локална армија. Според исламските историчари монофизитите и Евреите низ Сирија ги поздравиле арапските освојувачи бидејќи тие не биле задоволни од византиското управување. Римскиот император Ираклиј се разболел и не бил во можност лично да ја води својата армија во походот во Сирија и Палестина во 634 година. Во битката кај Аџнајдан, муслиманските сили постигнале голема победа[8]. По победата Фахл, муслиманските сили го освоиле и Дамаск во 634 година на чело со Калид ибн ал-Валид. Византискиот одговор на тоа вклучувало собирање и испраќање на голем број на војници за да се вратат одземаните територии.[9]. Во битката кај Јармук во 636 година, Византијците претрпиле голем пораз со кое Сирија била освоена. Јован Зонара за овој настан напишал: од тој момент, патот на освојувањето и расграбувањето на целата територија на Римјаните беше отворен[10]. Муслиманските освојувања продолжиле преку освојување на Ерусалим во април 637 година, Газа во летото на 637 година, Антиохија кон крајот на 637 година. Во тој период, муслиманските сили ги имале заземено цела Северна Сирија, освен горниот дел од Месопотамија, кои биле освоени по една година примирје.

Последни години[уреди | уреди извор]

На крајот од својот живот Ираклиј паднал во состојба на физички и психички колапс, станувајќи сведок на освојувањето на поголемиот дел од Египет од Арапите (641 година). Ираклиј починал во 641 година и бил наследен од Константин III.

И покрај фаталниот крај на неговото владеење, Ираклиј е сметан за еден од најголемите и најталентирани византиски императори. Тој ја спасил империјата од сигурно распаѓање и благодарение на неговите реформи во сите сфери, арапската инвазија била одложена за повеќе од 60 години во Анадолија.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. „Sasanian Dynasty“. Encyclopædia Iranica. 20 јули 2005. http://www.iranicaonline.org/articles/sasanian-dynasty. конс. 17 август 2013. 
  2. Kaegi 2003, pp. 24 – 25.
  3. Mitchell 2007, p. 411.
  4. Olster 1993, p. 133.
  5. Kaegi 2003, p. 106.
  6. 6,0 6,1 Gibbon 1998, стр. 777
  7. Theophanes, Chronicle, 317–327
    * Greatrex–Lieu (2002), II, 217–227; Haldon (1997), 46; Baynes (1912), passim; Speck (1984), 178
  8. Nicolle (1994), 47–49
  9. Kaegi (1995), 112
  10. Zonaras, Annales, CXXXIV, 1288
    * Sahas (1972), 20

Литература[уреди | уреди извор]

Надворешни врски[уреди | уреди извор]