Фабија Евдокија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Евдокија
Византиска царица
Роден(а)околу 580
Африкански егзархат
Починал(а)13 август 612
Цариград
Почивалиште
СопружникИраклиј I
ДецаЕвдокија Епифанија, Константин III Ираклиј
Полно име
Фабија Евдокија
ДинастијаИраклиева династија
ТаткоРога

Фабија Евдокија (околу 580-612) била византиска царица, прва жена на царот Ираклиј I.

Вистинското име на царицата било Фабија. Таа била ќерка на Рога, крупен земјопоседник од Егзархија Африка.

Фабија била свршена за идниот цар Ираклиј уште додека тој престојувал во Африка, каде што неговиот татко, Ираклиј бил егзарх на Картагина. Во 608 семејството на нејзиниот свршеник застанало на чело на бунт против царот Фока. Под непознати околности Фабија и мајката на Ираклиј, Евфименија биле заробени од Фока во 610 година. Двете жени биле затворени во манастирот Неа Метаноја и биле користени од Фока како заложници, за да се откаже Ираклиј од неговите планови за опсада на Цариград.

Двете жени најверојатно биле ослободени од приврзаниците на партијата на Зелените и биле предадени на Ираклиј на островот Калоними. Ова му овозможило на Ираклиј да ја продолжи борбата против царот Фока. Ираклиј влегол со војниците во Цариград без никаков отпор и го убил Фока.

На 5 октомври 610 Ираклиј бил крунисан за цар во црквата Свети Стефан во имперторския палата. Фабија и царот се венчале малку подоцна истиот ден. Потоа Фабија го прифатила името Евдокија и титулата августа.

Таа на царот Ираклиј му родила две деца:

Фабија-Евдокија починала на 13 август 613 година. Според хрониката на патријархот Никифор причината за смртта била епилепсија. Патријархот Никифор раскажува дека на погребот на царицата станало инцидент, кој јасно ја покажала популарноста на Евдокија меѓу населението. Една слугинка започнала да плука преку еден од прозорците од горниот кат на дворецот додека погребната поворка поминувала покрај неа. Збеснатата толпа веднаш ја фатиле на слугинката и ја изгориле жива.

Евдокија била погребана во црквата Свети Апостоли во Цариград.

Претходник
Леонтија
Византиска царица
610–612
Наследник
Мартина