Тибериј III Апсимар
| Тибериј III | |||||
|---|---|---|---|---|---|
| Цар на Византија | |||||
Солид на кој е прикажана бистата на Тибериј III, со копје и штит | |||||
| Византиски цар | |||||
| На престол | 698–705 | ||||
| Претходник | Леонтиј | ||||
| Наследник | Јустинијан II | ||||
| Роден(а) | можно е Памфилија[1] | ||||
| Починал(а) | 15 февруари 706 Цариград | ||||
| |||||
| Династија | Ираклиева династија | ||||
| Дваесетгодишна анархија | ||
|---|---|---|
| Хронологија | ||
|
||
| Наследување | ||
|
||
Тибериј III (15 февруари 706 )[2] — Византиски цар од 698 до 21 август 705.[3] Иако неговото владеење билвоглавно успешно, особено во спречувањето на арапската закана на исток, тој бил соборен од поранешниот цар Јустинијан II и последователно погубен.
Доаѓање на власт
[уреди | уреди извор]Тибериј бил германски поморски офицер од областа Памфилија и веројатно првично бил именуван Апсимар[4] кој се издигнал на позиција на друнгариј на Кибирјанската тема.[5] Тој учествувал во неуспешниот поход за повторно освојување на Картагина во 698 година. Како адмирал Јован Патрицијот се повлекол од Картагина до Крит, флотата се побунила, го соборила и убила нивниот водач,[5] и о избрале Аспимар за негова замена.[6] Тој го менува своето име во Тибериј,[7] Апсимар испловил кон Цариград кој во тие моменти страдал од чума и го опсадил.[7]
Неговиот бунт ја привлекол поддршката на Зелената фракција,[6] како и делови од копнената армија и царската стража, аи службеници кои му биле лојални и му ги отвориле портите од градот и го прогласиле за цар, по што неговите војски го пљачкосале градот.[7] Кога цврсто се воспоставил на власт, наредил на соборениот цар Леонтиј да му се отсече носот, и му наредил да се замонаши во манастирот Псаматион.[6] Леонтиј исто така го осакатил неговиот претходник Јустинијан II три години претходно.[4]
Владеење и соборување
[уреди | уреди извор]Како цар, Тибериј III направи тактичка одлука да ја занемари Африка, каде Картагина дефинитивно била изгубена.[5] Наместо тоа, тој го назначил својот брат Ираклиј како моностратег на истокот, кој првично ги утврдил копнените и поморските одбранбени структури во Анадолија[6] пред да го нападне Омејадскиот калифат под водство на Абд ел-Малик, каде имал помали победи додека го ограбувал северот на Сирија во 700 и 701 година.[8] Тој подоцна нападнал и за одреден период окупирал територија во Ерменија, додек пак арапските угнетувачи во 703 и 704 година биле изгонети од Килкилија при што арапите имале тешки загуби.[6]
Успехот во војувањето се постигнал на тој начин што Тибериј се обидел да ја зајакне воено империјата преку реорганизавија на асминистрацијата.[5] Тибериј тогаш своето внимание го насочил кон островот Кипар, кој бил недоволно населен од времто на владеењето на Јустинијан II.[1] Тој испратил пратеници до калифот на Дамаск, барајќи ги назад кипарските заробеници кој биле заробени во близина на Мраморното Море, и со тоа ги населил повторно во нивните родни места. Ја зајакнал одбраната на островот и истовремено го зголемил бројот на војниците во гарнизонот со војници од Таур.[1] Тој исто така ја преорганизирал и Кибирјанската тема[1] и ги поправил пморските ѕиддини на Консантинопол.[2]
Дома, негово единствено познато дејство било протерувањето на Филипик Вардан, син на значааен патрициј, на островот Кефалонија.Филипик, иден цар, сонувал дека неговата глава е засенета од орел, нешто што Тибериј го проторкувал дека тој планирал бунт против него.[9]
Во меѓувреме, во 704 година, Јустинијан II избегал од неговиот прогон во Херсон,[5] кај, Бусир Главан.[10] барајќи помош од казарите. Јустинија повел казарска армија во Цариград. За три денови, Јустинијан се обидел да ги убеди граѓаните на Цариград да ги отворат портите, но било залудно.[11] Во меѓувреме, неговите војски откриле одамна напуштен воден довод под градските ѕидини, низ кој Јустинијан и неколку од неговите поддржувачи успеале да влезат во градот.[12] Дознавајќи дека Јустинијан се приближил во Цариград во ноќта, Тибериј побегнал во Витинија каде успешно избегнувал да биде заробен неколку месеци.[13]
Со неговото заробување, Тибериј, заедно со неговиот брат Ираклиј и претходниот цар Леонтиј,[2] биле парадирани во синџири низ градските улици и биле донесени пред Јустинијан на Цариградскиот хиподром.[13] Таму, пред навивачка публика, носот на Тибериј бил отсечен. Јустинијан ги ставил своите стапала над вратовите на Тибериј и Леонтиј на симболичен начин претставувајќи го покорувањето пред да нареди двајцата да бидат обезглавени.[5] Тиберовиот брат, Ираклиј, и многу од воените водачи кои биле под негова команда биле бесени последователно.[14]
Наводи
[уреди | уреди извор]Извори
[уреди | уреди извор]Првични извори
[уреди | уреди извор]Theophanes the Confessor, Chronographia.
Секундарни извори
[уреди | уреди извор]- Kazhdan, Alexander, уред. (1991), Oxford Dictionary of Byzantium, Oxford University Press, ISBN 978-0-19-504652-6
- Norwich, John Julius (1990), Byzantium: The Early Centuries, Penguin, ISBN 0-14-011447-5
- Canduci, Alexander (2010), Triumph & Tragedy: The Rise and Fall of Rome's Immortal Emperors, Pier 9, ISBN 978-1-74196-598-8
- Moore, R. Scott, "Tiberius III(II) (698–705 A.D.)", De Imperatoribus Romanis (1999)
- Warren Treadgold, A History of the Byzantine State and Society (Stanford University Press, 1997) ISBN 0-8047-2630-2
- Dumbarton Oaks, Catalogue of the Byzantine Coins in the Dumbarton Oaks Collection, Vol. II, Part 2 (1968)
- Bury, J.B., A History of the Later Roman Empire from Arcadius to Irene, Vol. II, MacMillan & Co., 1889
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]
Податотеки поврзани со Тибериј III на Ризницата
Тибериј III Апсимар Роден(а): VII век Починал(а): 15 февруари 706 | ||
| Владејачки титули | ||
|---|---|---|
| Претходник Леонтиј |
Византиски цар 698–705 |
Наследник Јустинијан II |