Јован V Палеолог

Од Википедија — слободната енциклопедија
Јован V Палеолог
Ίωάννης Ε' Παλαιολόγος
Цар на Источното Римско Царство
Царот Јован V Палеолог
Византиски цар
На престол15 јуни 1341 - 12 август 1376
1 јули 1379 - 14 април 1390
17 септември 1390 - 16 февруари 1391
ПретходникАндроник III Палеолог
НаследникМануил II Палеолог
Роден(а)18 јуни 1332
Димотика
Починал(а)16 февруари 1391
Цариград
СопружникЕлена Кантакузина
ДецаАндроник IV Палеолог
Ирина Палеологина
Мануил II Палеолог
Теодора Палеологина
Михаил Палеолог
Марија Палеологина
три неименувани ќерки
ДинастијаПалеолози
ТаткоАндроник III Палеолог
МајкаАна Савојска

Јован V Палеолог (грчки: Ίωάννης Ε' Παλαιολόγος, 18 јуни 1332 - 16 февруари 1391) бил византиски цар од династијата Палеолози кој владеел неколкупати во периодот од 1341 до 1391 година.

Владеење[уреди | уреди извор]

По смртта на таткото-цар[уреди | уреди извор]

Кога Андроник III на 15 јуни 1341 г. умрел, неговиот син Јован V имал само девет години. Како најблизок пријател и соработник на покојниот цар, големиот доместик Јован Кантакузин полагал право врз водењето на регентството. Меѓутоа, против него се создала моќна опозиција којашто се собрала околу царицата мајка-мајка Ана Савојска и патријархот Јован Калекас. А најопасен противник на Кантакузин му бил неговиот некогашен приврзаник, итриот Алексиј Апокавк, којшто во времето на граѓанската војна се истакнал на страната на Андроник III и се здобил со големи почести и богатства.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 616.