Јустинијан II

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Јустинијан II Ринотмет)
Прејди на: содржини, барај
Јустинијан II
Ιουστινιανός Β'
Византиски император
Владеење 685–695
705 – декември 711
Полно име Јустинијан
Роден(а) 668
Родно место Константинопол
Починал(а) 11 декември, 711 (42 години)
Место на смрт Даматрис
Претходник Константин IV
Тибериј III
Наследник Леонтиј
Филипик Вардан
Придружник на Евдокија
Теодора Хазарска
Деца Анастасија
Тибериј
Династија Ираклиева династија
Татко Константин IV
Мајка Анастасија
Ираклиева династија
Хронологија
Ираклиј I 610–641
со Константин III совладетел, 613–641
Константин III 641
со Ираклиј II совладетел
Ираклиј II 641
Констанс II 641–668
со Константин IV (654–668), Ираклиј и Тибериј (659–668) совладетели
Константин IV 668–685
со Ираклиј и Тибериј (668–681), и Јустинијан II (681–685) совладетели
Јустинијан II 685–695, 705–711
со Тибериј совладетел, 706–711
Наследување
Претходела
Јустинијанова династија и Фока
Следи
Дваесетгодишна анархија
Дваесетгодишна анархија
Хронологија
Леонтиј 695–698
Тибериј III 698–705
Јустинијан II 705–711
со Тибериј совладетел, 706–711
Филипик Вардан 711–713
Анастасиј II 713–715
Теодосиј III 715–717
Наследување
Претходела
Ираклиева династија
Следела
Сириска Династија

Јустинијан II (грчки: Ιουστινιανός Β΄, латински: Iustinianus II), ( 668 во Константинопол - 11 декември 711) бил византиски император кој владеел во периодот од 685 до 695 и од 705 до 711 година.

Јустинијан бил син на Константин IV Погонат и Анастасија[1]. Останува во историјата познат со прекарот Ринотмет (грчки ὁ Ῥινότμητος - отсечен нос). Во неговиот прв брак со Евдокија ја добил ќерката Анастасија, додека од неговиот втор брак со Теодора Хазарска имале син Тибериј.

Со неговата смрт бил ставен крај на Ираклиевата династија.

Прво управување[уреди | уреди извор]

Јустинијан II стапил на престолот во 685 година кога имал 16 години. Карактеристично за него била големата суровост и деспотизам кои наскоро го направиле објект на омраза од страна на населението.

Во 688-690 година Византија водела два кратки конфликти со Бугарија, прекршувајќи го мировниот договор од 681 година. Византијците успеале да заробат значителен број Словени од Македонија. Јустинијан II ги преселил заробените Словени во Мала Азија и образувал од нив одред од 30 илјади луѓе.

Во 692 година Јустинијан го нарушил мирот со Арапите[2], но бил поразен од војските на Абд-Алмалик во Киликија. Поразот претставувал и последица од измамата на дел од доведените Словени. Тогаш Јустинијан наредил да се убијат близина Никомедија и оние Словени, кои му останале верни. Резултат од поразот било губењето на јужна Ерменија, каде застанал Симбатиј.

Омразата на народот се зголемила особено поради злоупотребите и уцените на јустинијановите омилени луѓе - Теодот и Стефан, од кои првиот бил министер за финансии (ό γενικός λογοθέτης), а Стефан сакелариј на царот[3].

Едно од поголемите настани во црковниот живот бил црковниот собор во 692 година познат како Трулски собор, но самите одлуки не биле признаени од папата Сергиј. Обидите на Јустинијан II да го принуди папата да ги прифати одлуките останале неуспешни.

Соборување и заточение[уреди | уреди извор]

Непопуларноста на Јустинијан II била искористена од војсководецот Леонтиј[4]. Во 695 година, тој успеал да побегне од затвор, каде бил чуван по наредба на Јустинијан, по кое успеал да го зароби на Јустинијан и наредил да му го преселат носот и јазикот, поради кое Јустинијан подоцна бил наречен Ринотмет. Соборениот император бил испратен на заточение во Крим.[3]. Стефан и Теодот биле егзекутирани.

Соборувањето на Јустинијан II не довело до подобрување на внатрешната и надворешната состојба на империјата, напротив, следувал 20-годишен период на немири и нестабилност и истиот завршил по повторното зазимање на престолот од страна на Јустинијан.

Додека бил во егзил, градот Картагина и остатокот од провинциите во Африка биле освоените од Арапите, кои продолжувале да се закануваат и по источната граница. Поради поразите и неуспесите, императорите останувале закратко на власт - по некое Леонтиј исто така бил соборен, а престолот бил зафатен од Тибериј III Апсимар. Тогаш Јустинијан Ринотмет успеал да побегне од заточение, прво кај Хазарите, потоа кај Бугарите, за да во 705 година застане пред портите на Константинопол, заедно со 15,000 војска составена од Словени и Бугари, на чело со хан Тервел[5]. Јустинијан и неговите приврзаници тајно успеале да влезат во главниот град преку еден неискористен аквадукт и успеале да направат преврат.

Второ управување[уреди | уреди извор]

Откако Јустинијан II Ринотмет го освоил главниот град и повторно го зазел престолот, тој се одмаздил на суров начин на своите противници, и тоа поранешните цареви Тибериј и Леонтиј, кои биле обезглавени јавно на хиподромот, а патријархот Калиник е ослепен и прогонет.

За поддршката бугарскиот хан Тервел бил богато награден. Тервел бил првиот невизантиец, кој ја добил титулата Кесарија (Цезар)[6]. Тој освен тоа го добива управувањето на областа Загора (североисточна Тракија), како и големо количество пари, злато, сребро и други скапоцености.

Второто владеење на Јустинијан (од 705 до 711 година) се покажало како уште поголем неуспех за разлика од првото управување. Војната со Арапите повторно тргнала на лошо: Византијците ја загубиле Мопсуеста и Тијана, во 709 година Арапите влегле дури во Тракија. Поразите на Византија довече до делумна загуба на Кападокија и Киликија[7]. Барајќи реванш против Бугарите, Јустинијан II заминал во североисточна Тракија во 708 година, но бил поразен и опколен во Анхиало. Императорот се повлекол по море и наскоро го обновил мирот со Бугарија.

Во 711 година Јустинијан II испратил во Крим флота и војска, која требало да го казни на Керсон бидејќи не го подржал на царот за време на неговите походи, но војниците се побуниле и го прогласуваат за император Филипик Вардан. Додека Јустинијан собирал армија во Мала Азија, Филипик го освоил Константинопол и го убил Тибериј, малолетниот син на Јустинијан. Самиот Јустинијан бил напуштен од повеќето армии и бил заробен и обезглавен во декември 711 година, недалеку од главниот град.

Ова го означило крајот на Ираклиевата династија.

Литература[уреди | уреди извор]


Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Kazhdan, pg. 501
  2. Norwich, pg. 328
  3. 3,0 3,1 Ostrogorsky, pgs. 116–122
  4. Bury, pg. 354
  5. Norwich, pg. 336
  6. Bury, pg. 361
  7. Norwich, pg. 339

Надворешни врски[уреди | уреди извор]