Александар III (византиски владетел)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
За други цареви наречени Александар III видете Александар III (појаснување).
Александар III
Αλέξανδρος Γ΄
Император на Источното римско царство
Alexandros mosaic Hagia Sophia.JPG
Византиски мозаик-портрет од царот Александар во Аја Софија.
Византиски император
На престол 12 мај 912 – 6 јуни 913
Крунисување 879 (како совладетел на Василиј I)
Претходник Лав VI Мудриот
Наследник Константин VII Порфирогенит
Династија Македонска династија
Татко Василиј I
Мајка Евдокија Ингерина
Роден(а) 870
Константинопол
Починал(а) 6 јуни 913
Константинопол

Александар, наречен уште Александар III (грчки: Αλέξανδρος Γ΄, 870 - 6 јуни 913), бил византиски император од 12 мај 912 до 6 јуни 913. Тој бил третиот владетел од Македонската династија. Тој бил третиот син на Василиј I, а втор син од бракот со Евдокија Ингерина. За разлика од својот постар брат Лав VI Мудриот, неговото татковство не било оспорено меѓу Василиј I и Михаил III бидејќи тој бил роден неколку години подоцна од смртта на Михаил III.[1]

Ран живот[уреди | уреди извор]

За што поцврсто да ја врзе царската круна за своето семејство, Василиј I веќе на 6 јануари 869 го крунисал за совладетел својот постар син Константин, а една година потоа и вториот син Лав, а околу 879 година по прераната смрт на Константин, и третиот - Александар, додека најмладиот Стефан, станал свештеник, и подоцна за време на владата на својот брат Лав VI, го зазел патријаршискиот престол престол. Царевиот првенец и љубимец Константин бил син на неговата прва жена „Македонката“ Марија. Лав Александар и Стефан биле синови на Евдокија Ингерина, последните двајца се родени дури по доаѓањето на Василиј на престолот.[2]

Владеење[уреди | уреди извор]

Лав умрел на 12 мај 912 Власта ја презел Александар, стрико на малотетниот Константин. Тој се стремел, пред се, за тоа да се ослободи од наследството на својот покоен брат. Царицата Зоја ја затворил во манастир, а сите угледни Лавови соработници ги отстранил и ги заменил со свои луѓе. Така и Никола Мистик бил вратен на патријаршискиот престол.

Во надворешната политика постапките на новиот владетел имале кобни последици. Тој лесноумно одбил да им плаќа данок на Бугарите на кого Византија се обврзала со договорот за мир од 896 година и со тоа на Симеон му го дал саканиот повод за почеток на непријателствата. Меѓутоа, Александар починал наскоро, на 6 јуни 913. Единствен претставник на Династијата сега бил седумгодишниот Константин. Власта ја презело регентството со патријархот Никола Мистик на чело.[3]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Schmitz, Leonhard. (1867). „Alexander“. Dictionary of Greek and Roman Biography and Mythology 1: 115. Изд. William Smith. Boston: Little, Brown and Company.
  2. Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 286.
  3. Г.Острогорски. Историја на Византија. Скопје, 1992, стр.: 316-317.