Никола I Цариградски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Никола I Цариградски (современа претстава)

Никола I Цариградски (852 – 15 мај 925) — Вселенски патријарх од 901 до 907 година и од 912 до неговата смрт во 925 година. Се празнува на 16 мај во православната црква.[1]

Никола е роден на Апенинскиот Полуостров и станал пријател со патријархот Фотиј I. Паднал во немилост по расчинувањетпо на Фотиј I во 886 година и се повлекол во манастир. Царот Лав VI го повикал од манастирот и го прогласил мистик, титула која птретставувла или империјален секретар или пак правно лице.

На 1 март, 901 година, Никола бил назначен за патријарх. Сепак, подоцна имал расоравија со Лав VI поради неговиот четврити брак со љубовницата Зоја Карбонопсина. Иако неодлучен ги прифатил последиците од оваа врска, идниот цар Константин VII, му било забрането да влегува во црквата и можно е Никола да бил замешан во бунтот на Андроник Дука. Бил сменет од местоположбата патријарх на 1 февруари 907 година и заменет од страна на Евтимиј. Протеран во својот манастир, Никола сметал дека е неправедно сменет и во спорот го вклучил и папата Сергиј III.

Во периодот кога на власт стапува братот на Лав VI, Александар III на 12 мај 912 година, Никола бил повторно устоличен како патријарх. Со ова започнала борба со поддржувачите на Евтимиј, која не завршила сè додека новиот цар Роман I Лакапин го донел Томосот на единството во 920 година. Во меѓувреме Александар починал во 913 година откако започнал војна со Бугарија, при што малолетниот Константин VII Го наследил на престолот. Никол I Цариградски станал водечки член на седумчленото советодавно тело, и истиот морал да се соочи со напредувањето на Симеон I кон Цариград. Никола договорил примирје, го крунисал Симеон за цар на бугарите во церемонија надвор од Цариград, и договорил брак на Симеоновата ќерка со Константин VII.

Овие негови постапки ја поткопале неговата позиција, и во март 914 година, со поддршка на магистратот Јован Грчки, Зоја Карбонопсина го заменила Никола како најглавен регент. Го отфрллила договорот со Симеон, со што непријателството повторно започнало со Бугарија. Кога нејзинот главен поддржувач Лав Фока бил целосно поразен од бугарите во Битката при Ахелој во 917 година, Зоја започнала да ја губи поддршката. Посрамотени поради понатамошните порази, таа и нејзините поддржувачи биле истиснати во 919 година од страна на адмиралот Роман Лакапин, кој ја оженил својата ќерка Елена Лакапина со Константин VII и го зграбил престолот во 920 година. Никола станал најголем поддржувач на новиот цар, и го поднел товарот на обновените преговори со бугарите сè до неговата смрт во 925 година.

Покрај многуте писма до голем број на благородници и странски владетели (вклучувајќи го и Симеон I), Никола напишал брседа за грабежот на Солун од арапите во 904 година. Тој бил критичен мислител кој отишол дотаму што почнал да се сомнева во вистинитоста на цитатите од стариот завет и мислењето дека заповедта на царот бил непишан закон.

Наводи[уреди | уреди извор]

Извори[уреди | уреди извор]

  • Nicholas I, Patriarch of Constantinople, Letters. Greek Text and English Tr. by R. J. H. Jenkins and L. G. Westerink (Washington (DC), 1973).
  • The Oxford Dictionary of Byzantium (ed. by Alexander Kazhdan) (Oxford, Oxford University Press, 1991).
Духовни титули
Претходник
Антониј II
Цариградски патријарх
901–907
Наследник
Ефтимиј I
Претходник
Ефтимиј I
Цариградски патријарх
912–925
Наследник
Стефан II