Василиј II Цариградски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Василиј II ЦариградскиВселенски патријарх од август 1183 година до февруари 1186 година.

Васил бил припадник на познатото семејството Каматерови, кое дало голем број на достојници во XII век. Прично начествувал под царот Мануил I (1143–1180) како дипломат, но по катастрофалната мисија во Италија,паднал во немилост и бил протеран. Неговата среќа се сменила под влијание на Андроник I (1183–1185), кој исто така бил протеран од страна на Мануел I.[1]

Во овој период, Андроник I имал проблеми со патријархот Теодосиј I, кој се спортиставил на многуте одлуки на царот. Како на пример предвидениот брак на неговата нелегитимна ќерка Ирина со Алексиј нелегитимниот син на Мануел I, иако истите биле блиски роднини, како и протерувањето на вдовицата царица Марија Антиохиска од Големата палата. Теодосиј I бил приморан да се повлече и бил заменет од страна на Василиј II.[2]

Василиј II веднаш се покорил на волјата на Андроник I, поддржувајќи го бракот, па дури и го осободил од вината за убиствата на младиот цар Алексиј II (1180–1183). Откако Андроник I бил соборен од власта и погубен во септември 1185 година, Василиј II не се сложувал најдобро со новиот цар Исак II (1185–1195 i 1203–1204), и покрај тоа што го крунисал. Тој бил расчинет и осуден од синодот поради неговото дозволување на бракот меѓу Ирена и Алексиј. Ништо не се знае за него по оваа одлука.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Kazhdan (1991), p. 262
  2. Kazhdan (1991), pp. 262, 2052

Извори[уреди | уреди извор]

  • Kazhdan, Alexander, уред. (1991), Oxford Dictionary of Byzantium, Oxford University Press, ISBN 978-0-19-504652-6
Духовни титули
Претходник
Теодосиј I
Цариградски патријарх
1183–1186
Наследник
Никита II