Герман I Цариградски
Св. Герман I Цариградски | |
---|---|
Герман I Цаиградски | |
Починал(а) | 740 |
Почитуван(а) во | православие, католицизам |
Слава | 12 мај |
Герман I Цариградски ( 634 – 733 или 740) — Вселенски патријарх од 715 до 730 година. Тој се смета за светец, од православната и католичката црква, и се слави на 12 мај.[1]
Живот
[уреди | уреди извор]Според Теофан Исповедникот, Герман бил син на патрицијот Јустинијан, кој бил погубен во 668 година.[2] Јустинијан бил наводно замешан во убиството на Констанс II и запоседнување на престолот од страна на Мезизиј. Константин IV, синот на Констанс II, го совладал својот противник и ги казнил поддржувачите. Герман ги преживел прогоните,[3] но бил кастриран од страна на победниците.[4]
Герман бил испратен во манастир. Подоцна станува епископ Кизикски.[2] Тој бил учесник на вселенскиот собор во Цариград во 712 година каде указите му давале предност на монотелитизмот, поништувајќи ги каноните усвоени на шестиот вселенски собор (680-681). Соборот ги проследувал религиозните желби на Филипик.[5]
Во 713 година, филипик бил заменет од страна на Анастасиј II. Анастасиј веднаш ги поништил сите одлуки поврзани со религијата на својот претходник. Јован VI, бил силен поборник за монотелитизмот, исто тка бил заменет. На 11 август 714/715, Герман бил избран за Цариградски патријарх. Герман подоцна му помогнал на Анастасиј да ги договори условите за предавање на Теодосиј III.[6]
Во 715 година, Герман организирал нов собор кој го застапувал диотелитството и ги анатемизирале сите водачи на спторивната фракција. Се обидел да ги подобри односите со Ерменската апостолска црква со надеж за помирување. Најголем проблем за ова помирување било, сепак, новонастанатото византиското иконоборство, поддржувано од страна на Лав III. Германиј бил иконопоклоник,[5] и имал важна улога во бранењето и употребата на светите слики за време на кризата поврзано со иконоборството, поради што бил протеран од страна на царот, кој сметал дека иконопоклонството претставувало облик на идолопоклонство.[7]
По делумно успешениот обид присилно да ги крштева сите Евреи и монотанисти во империјата во 722 година, Лав потпишал повеќе укази против обожувањето на слики (726–729).[8] Во писмо од Герман напишано пред 726 година до двајца иконоборни епископи вели дека „сега цели градови и голем број на луѓе се под дејство на силна агитација поради оваа работа“ но нема доволно докази за развојот на дебатите.[9]
Герман или се повлекол или пак бил сменет по стапувањето на сила на забраната. Писмата кои опстоиле од Герман напишани во тој период не кажуваат многу за теологијата. Според Патриција Карлин-Хајтер, она што го загрижувало Герман било дека забраната на иконите ќе покаже дека црквата направила грешка на подолг рок и поради тоа потпаднале под влијание на евреите и муслиманите.[10] Традиционалните описи за Герман кажуваат дека истиот бил доста одлучен во своите ставови. Тој дури и победил во дебата со Константин, епископ Наколејски, водечки иконоборец. Грегориј II (715-731), исто така иконопоклоник, го фалел Герман поради неговата „ревност и истрајност“.[5]
Германиј бил заменет од страна на Анастасиј, кој се покорувал на волјата на царот. Герман се повлекол во семејниот дом. Починал неколку години подоцна во доцна старост во 740 година.[11] Тој бил погребан во црквата Исус Спасител. На седмиот вселенски собор (787) Германиј бил запишен во диптисите намнети за светците. И оттогаш се смета за светец во двете цркви православната и католичката.
Зачувани се неколку од неговите пишувања.[5] Неговото дело Historia Ecclesiastica било доста популарно дело и се преведувало на грчки и латински јазик во наредните столетија, и достапати е цитирано од страна на разни автори. Делови од истото се објавени и на англиски јазик во 1985 година како On the Divine Liturgy, и за него издавачот запишал „со векови квазиофицијално објаснување за божествената литургија во византискиот христијанскиот свет“.[12] Сепак во католичката енциклопедија постои сомнеж дека станува збор за дело на Герман.[5]
Влијание
[уреди | уреди извор]Папата Пиј XII искористил еден од неговите текстови при апостолското создавање на догмата на црквата поврзана со небесното воспение на Богородица.[7]
Меѓу неговите дела е и одата „Μέγα καί παράδοξον θαῦμα“ која била преведена од Џон Мејсон Нил како „Големо и силно чудо“,[13][14] но сепак Нил ова дело му го придал на Анатолиј Цариградски.[15]
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ (грчки) Ὁ Ἅγιος Γερμανὸς Πατριάρχης Κωνσταντινουπόλεως. 12 Μαΐου. ΜΕΓΑΣ ΣΥΝΑΞΑΡΙΣΤΗΣ.
- ↑ 2,0 2,1 Orthodox Church in America: Biography of St Germanus the Patriarch of Constantinople
- ↑ Byzantinische Zeitschrift. Volume 17, Issue 2, Pages 455–459, ISSN (Online) 1864-449X, ISSN (Print) 0007-7704[мртва врска]
- ↑ Mango, 1
- ↑ 5,0 5,1 5,2 5,3 5,4 Kirsch, Johann Peter. "St. Germanus I." The Catholic Encyclopedia. Vol. 6. New York: Robert Appleton Company, 1909. 24 Jun. 2013
- ↑ Bronwen Neil, "Anastasius II (A.D. 713-715)"
- ↑ 7,0 7,1 „"St. Germanus of Constantinople, Defender of the Veneration of Holy Images", National Catholic Register, 8 May 2009“. Архивирано од изворникот на 2019-09-11. Посетено на 2015-07-21.
- ↑ Treadgold. History of the Byzantine State, pp. 350, 352-353.
- ↑ Mango, C. "Historical Introduction," in Bryer & Herrin, eds., Iconoclasm, pp. 2-3, Centre for Byzantine Studies, University of Birmingham, 1977 ISBN 0-7044-0226-2
- ↑ Karlin-Hayter, Patricia (2002) The Oxford History of Byzantium: Iconoclasm. Oxford: Oxford University Press
- ↑ "St Germanus, Patriarch of Constantinople", Serbian Orthodox Church
- ↑ The full Latin title is Historia mystica ecclesiae catholicae; manuscripts include cod. Vat. graec. 790 and cod. Neapolit. graec. 63. In English and Greek, St Vladimirs Seminary Press, 1985, ISBN 0-88141-038-1, ISBN 978-0-88141-038-9; see external links for a partly different online version.
- ↑ The English Hymnal. London: Oxford University Press, 1907; no. 19, p. 30
- ↑ „A great and mighty wonder“. Cyberhymnal. Архивирано од изворникот на 2012-09-11. Посетено на 20 August 2011.
- ↑ A Great and Mighty Wonder Архивирано на 25 април 2012 г.. "Carols.co". Retrieved 9 December 2011.
Извори
[уреди | уреди извор]- GERMANO DI COSTANTINOPOLI, Storia ecclesiastica e contemplazione mistica. Traduzione, introduzione e note a cura di Antonio Calisi, Independently published, 2020. ISBN-13 : 979-8689839646
- Cameron, Averil; Ward-Perkins, Bryan.; Whitby, Michael (2000). The Cambridge ancient history 14. Late Antiquity: empire and successors, A.D. 425 - 600. Cambridge University Press. ISBN 0-521-32591-9.
- Gross, Ernie. This Day in Religion. New York: Neil-Schuman Publishers, 1990. ISBN 1-55570-045-4.
- Cyril Mango "Historical Introduction," in Bryer & Herrin, eds., Iconoclasm, pp. 2–3., 1977, Centre for Byzantine Studies, University of Birmingham, ISBN 0704402262
- Treadgold, Warren (1997). A History of the Byzantine State and Society. Stanford: University of Stanford Press. стр. 346. ISBN 0-8047-2630-2.
Надворешни врски
[уреди | уреди извор]„Герман I Цариградски“ на Ризницата ? |
- On the Divine Liturgy, Online text (English and Greek)
- Pope Benedict XVI. "On St. Germanus of Constantinople", General Audience, 29 April 2009 Архивирано на 11 септември 2019 г.
Духовни титули | ||
---|---|---|
Претходник Јован VI |
Цариградски патријарх 715–730 |
Наследник Анастасиј |