Шести вселенски собор

Од Википедија — слободната енциклопедија
Шести вселенски собор
Датум680-681
Прифатен одРимокатоличка црква, Старокатоличка црква, православие
Претходен собор
Петти вселенски собор
Следен собор
Римокатоличка: Седми вселенски собор
Православие: Трулски собор
Свикан одЦар Константин IV Погонат
ПретседавачЃорги Цариградски
Папа Агатон
Присутниоколу 300
Времеследен список на собори

Шестиот вселенски собор (грчки: Η ΣΤ΄ Οικουμενική Σύνοδος; Τρίτη Σύνοδος της Κωνσταντινούπολης - Трет цариградски собор) бил одржан во Цариград од 7 ноември 680 до 16 септември 681 година. Соборот бил свикан од страна на царот Константин IV Погонат, и одржан во царскиот двор, во свечена сала со куполи (τρουλλος), и поради тоа е наречен и Трулски собор.

Римскиот Епископ Агатон бил претставен преку три пратеника. Соборот бил свикан за да се даде одговор на монотелитската ерес, која се појавила во времето на Ираклиј I (610-641 г.) а била формулирана од страна на патријархот Сергиј и прифатена од римскиот Епископ Хонориј. Според тоа учење, познато и како Ектесис, Господ Исус Христос има две природи, а после Воплотувањето има само една волја (монотелитизам) или едно дејство (моноенергизам). Вака формулираното учење ја нудело можноста монофизитите да се вратат во црквата, но било противречно на Халкидонскиот орос[1].

Присуствувале 174 епископи, кои го осудиле монотелитството и ја востановиле формулата против него, која гласи:

„Во Исуса Христа има две природи – Божествена и Човечка, а исто така и две волји – Божествена и Човечка, така што втората и се покорувала на првата.“.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Давитковски, Петар (1987). Историја на христијанската црква II дел. Скопје: Скопје.