Антим II Цариградски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Антим II цариградски
Цариградски патријарх
ЦркваЦариградска патријаршија
Избран18 јуни 1623
Службата завршила22 септември 1623
ПретходникГригориј IV
НаследникКирил I
Лични податоци
Починал1628
Претх. службаМитрополит во Одрин

Антим II ЦариградскиВселенски патријарх во период од неколку месеци во 1623 година.

Живот[уреди | уреди извор]

Антим е роден во Цариград во благородничко и богато семејство. Пред а да биде избран за патријарх на Цариград тој бил митрополит во Одрин.[1]

Неговото кусо начелствување не се смета за прдолжение на судирот меѓу оние кои го поддржувал прокалвинистичкиот патријарх Кирил I, кој бил поддржан пак од холандскиот и англискиот амбасадори, и противниците кои пак биле поддржани од францускиот, австрискиот и венецискиот амбасадори во Цариград. Вторите биле поуспешни и го убедиле Големиот везир да го расчини Кирил на 12 април 1623 година и на негово место да го назначи слепиот и стар Григориј IV. Митрополитите и епископите не биле задоволни со изборот на Григориј IV, кој бил неканонски избран од Светиот синод. Па така на 18 јуни 1623 година Светиот синод го расчинил Григориј IV и официјално го избрале Антим II за патријарх.[2]

Антим II, иако бил политички поддржуван од католичките власти, останал силен и добар православен христијанин.[3] Тој испратил митрополити на Родос, каде Кирил бил привремено протеран, за да го убедат да се повлече на Света Гора, но без успех. Напротив, Кирил, благодарение на поддршката на калвинистичкиот холандски амбасадор се вратил во Цариград и донел лажен документ за кредит од 20.000 грошана име на патријаршијата.[3] Антим не можел да обезбеди толкава сума на пари и бил приморан д се повлече на 22 септември 1623 година.[3]Последователно Кирил повторно начелствувал по трет пат.

По повлекувањето, Антим се вратил на Света Гора каде починал во 1628 година.[1]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Kiminas, Demetrius (2009). The Ecumenical Patriarchate. Wildside Press LLC. стр. 39. ISBN 978-1-4344-5876-6. 
  2. C. Emerau. (1926). „Lucar Cyrille“. Dictionnaire de Theologie Catholique 9. Paris: Letouzey et Ané.
  3. 3,0 3,1 3,2 R. Janin. (1914). „Anthime II“. Dictionnaire d'histoire et de géographie ecclésiastiques 3. Paris: Letouzey et Ané.
Претходник
Григориј IV
Цариградски патријарх
1623
Наследник
Кирил I