Јоаким I Цариградски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Јоаким I
Цариградски патријарх
Patriarch Joachim I.jpg
Потпис на Јоаким I
ЦркваЦариградска патријаршија
In officeесента 1498 - пролетта 1502
почетокот на 1504 - есента 1504
ПретходникНифонт II
Пахомиј I
НаследникНифонт II
Пахомиј I
Лични податоци
Починал1504
Претх. службаМитрополит на Драма

Јоаким I (грчки: Ιωακείμ Α΄) бил Вселенски патријарх од 1498 до 1502 и кратко време во 1504 година.

Живот[уреди | уреди извор]

Окулу младоста на Јоаким пред да стане цариградски патријарх, познато е тоа дека бил митрополит на Драма и дека бил млад, не особено учен, но многу способен за црковни рботи и градење на доблест.[1] Есента 1498 тој бил избран за патријарх со поддршка од царот Константин II, заземајќи го местото на патријархот Нифонт II чиј потег бил поддржан од владетелите на Влашка.[2]:198 Грузија била христијанска држава, независна од Отоманската империја и семи-автономна од религиска гледна точка, но земја која некогаш може да нанесе импресивно влијание врз патријаршиските избори.[2]:196

Како патријарх, Јоаким бил доста популарен со неговата група: додека бил на пат кон Грузија за да собере средства, митрополитот на Силиври му понудил на отоманскиот султан 1000 златници за да биде назначен за патријарх на местото на Јоаким, но верниците ја собрале истата сума помеѓу себе и му платиле на султанот за да се избегне Јоакимовото отстранување од престолот.[3] Пролетта 1502, сепак Јоаким бил симнат од престолот од страна на султанот Бајазит II кога се открило дека Јоаким наредил да се гради христијанска црква од камења без негова дозвола.[3]

Откако Јоаким бил депозициониран, новиот патријарх бил повторно Нифонт II, кој сепак одбил да прифати. Тогаш владетелите на Влашка ја пренасочиле поддршката кон идниот патријарх Пахомиј I, кој бил избран во почетокот на 1503 година и владеел окулу една година, сè до почетокот на 1504[4] кога пријателите на Јоаким собрале 3500 златници за да го вратат на престолот (500 златници повеќе од вообичаениот надоместок кој се плаќал на султанот за патријаршиско назначување).[3]

Втората патријаршија на Јоаким траела само неколку месеци: кратко по избирањето, Јоаким отпатувал на северот со обид да ги поврати пријателските односи со неговите политички непријатели, но и двајцата Раду IV Велики од Влашка и Богдан III Едноокиот од Молдавија одбиле да се помират со него.[5] Јоаким починал во 1504 година[6] за време на неговиот престој во Влашка, Трговиште или во Дриста и бил наследен повторно од Пахомиј I.

Забелешки[уреди | уреди извор]

  1. B.G.Niebuhr, I.Bekker, уред (1849). „Historia Politica et Patriarchica Constantinopoleos“. Corpus scriptorum historiae byzantinae, Volume 49. Bonn. стр. 135–141. (латински)
  2. 2,0 2,1 Runciman, Steven (1985). The Great Church in captivity. Cambridge University Press. стр. 196, 198. ISBN 978-0-521-31310-0. 
  3. 3,0 3,1 3,2 R. Janin. (1956). „Costantinople, Patriarcat grec“. Dictionnaire d'histoire et de géographie ecclésiastiques 13. Paris: Letouzey et Ané.
  4. „Joachim I“. Ecumenical Patriarchate. конс. 16 August 2011. 
  5. Iorga, Nicolae. Byzance après Byzance. стр. 85. ISBN 2-7158-0913-1. 
  6. Kiminas, Demetrius (2009). The Ecumenical Patriarchate. Wildside Press LLC. стр. 37. ISBN 978-1-4344-5876-6. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]