Прејди на содржината

Гаврил III Цариградски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Гаврил III Цариградски
Цариградски патријарх
ЦркваЦариградска патријаршија
Назначен29 август 1702
Службата завршила25 октомври 1707
ПретходникКалиник II
НаследникНеофит V
Лични податоци
РоденСмирна (Измир)
Починал25 октомври 1707
Цариград
Претх. службаМитрополит во Халкедон

Гаврил III ЦариградскиВселенски патријарх во периодот од 1702 до 1707 година.

Гаврил е роден во градот Смирна (денес Измир) од родители кој потекнувале од островот Андрос и во 1688 година тој бил избран за митрополит во Халкедон.[1] Тој бил избран за патријарх на 29 август 1702 година и владеел сè до неговата смрт.[2] Неговото владеење вило мирно и минало без проблеми.

Во 1704 година Гаврил го осудил изданието на Новиот завет на современ грчки превод на Серафим од Митилена и издадено во Лондон во 1703 година од страна на англиското Здружение за проповедање на заветот во странство.[3]:269 На 5 март 1705 година тој издал наредба со која се забранува на ученицита да заминат да учат во Лондон поради несоодветното однесување.[4] Во 1706 година издал писмо во кое ја осудува католичката догма.[3]:257

Тој исто така зема учество во работите на автономната Кипарската православна црква, заменувајќи го Герман II Кипарски по поплаките од месното население. Мелкитскиот митрополит во Алеп Атанасиј III бил назначен од Цариград за регент (проедрос) архиепископ на Кипарпри крајот на 1705 година. Во февруари 1707 година, откако Атанасиј се вратил во Цариград, Гаврил го прогласил за неканонско назначувањето на новиот архиепископ Јаков II, кој и покрај тоа бил архиепископ сè до 1718 година.[5]

Како благодарност до родниот град Смирна, во 1706 година тој го основал училиштето каде се образовал Адамантиј Рисиј.[6] Гаврил починал во Цариград на 25 октомври 1707 година и бил закопан во манастирот Камариотиса на островот Халки.[2]

  1. Kiminas, Demetrius (2009). The Ecumenical Patriarchate. Wildside Press LLC. стр. 40,181. ISBN 978-1-4344-5876-6.
  2. 2,0 2,1 Moustakas Konstantinos. „Gabriel III of Constantinople“. Encyclopaedia of the Hellenic World, Asia Minor. Посетено на 24 June 2011.
  3. 3,0 3,1 Doll, Peter (2006). Anglicanism and Orthodoxy. Frankfurt Am Main: Lang. стр. 257,269,437. ISBN 978-3-03910-580-9.
  4. Runciman, Steven (1985). The Great Church in captivity. Cambridge University Press. стр. 303. ISBN 978-0-521-31310-0.
  5. Hill, George (2010). A History of Cyprus, vol 4. City: Cambridge Univ Pr. стр. 342–3. ISBN 978-1-108-02065-7.
  6. „Γαβριὴλ Γ´“. Ecumenical Patriarchate. Архивирано од изворникот на 2016-03-03. Посетено на 23 June 2011.(грчки)
Претходник
Калиник II
Цариградски патријарх
1702-1707
Наследник
Неофит V