Дионисиј IV Цариградски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Дионисиј IV ЦариградскиВселенски патријарх во пет наврати, од 1671 до 1673 година, од 1676 до 1679 година, од 1682 до 1684 година, од 1686 до 1687 година и од 1693 до 1694 година. Тој е роден во Цариград, каде и пораснал. Се обраувал во месното фанариотско училиште и работел како администраттивец во патријархатот. На 9 август 1662 година тој бил избран за епископ на Лариса, каде останал сè до 1671 година, кохга за првпат бил избран за патријарх.

По второто начелствување како патријарх од 1676 до 1679 година, тој се преселил во Влашко, Романија. Дионисиј бил во судир со патријархот Јаков, кој бил патријарх од 1679 до 1682 година, кој бил присилен да се повлече во 1682 година. По третото начелствување (1682–84), кога Партениј IV (1684–85) бил по четвртипат востановен за патријарх, се преселил во Халкедон до 1686 година. Се вратил во Цариград на 7 април 1686 година и го приморал Јаков повторно да се повлече, кој бил востановен повторно по првпат во периодот 1685-86 година. Јаков возвратил нудејќи му голема сума на пари на Големиот везир и повторно го протерал Дионисиј на 17 октомври 1687 година.

Тој бил затворен двапати од страна на турските власти во 1679 година и во периодот од 1687 до 1688 година. По неговото конечно отстранување од патријахалниот престол во 1694 година тој се повлекол во Букурешт, Романија. Дионисиј починал на 23 септември 1696 година во Тарговишт Влашко и бил погребан во манастирот Раду Вода, под управа на Романската православна црква каде ги проживеал последните години од својот живот.

За време на своето начелствување се справувал со голем број на верски и политички теми, вклучувајќи го и односот на православието кон протестантите и калвинистичките теолози.

Наводи[уреди | уреди извор]

Духовни титули
Претходник
Партениј IV
Цариградски патријарх
1671-1673 (прво начелствување)
Наследник
Герасим II
Претходник
Партениј IV
Цариградски патријарх
1676-1679 (второ начелствување)
Наследник
Атанасиј IV
Претходник
Јаков
Цариградски патријарх
1682-1684 (трето начелствување)
Наследник
Партениј IV
Претходник
Јаков
Цариградски патријарх
1686-1687 (четврто начелствување)
Наследник
Јаков
Претходник
Калиник II
Цариградски патријарх
1693-1694 (петто начелствување)
Наследник
Калиник II