Теодор II Цариградски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Печат на Теодор II Цариградски кога тој бил хипатос тон филозофон, околу 1208–1214 година.

Теодор II Цариградски[1] — високопозициониран византиски функционер и главен министер за време на владеењето на императорот Алексиј III (1195–1203). По падот на Константинопол за време на Четвртата крстоносна војна, пребегнал во Никејското царство, каде станал монах и подоцна Вселенски патријарх во прогон од 1214–1216 година.

Политичка кариера[уреди | уреди извор]

Интелегенен, оратори образован човек, се стекнал со моќ по срамот и прогонот на Алексиевиот омилен државник, Константин Месопотамиски, во есента 1197 година. Тој го заменил Месопотамиски на неговото доверливо влијателно место во палатата епи тоу каниклеиоу (секретар на царската мастилница), и главен министер. Тој исто така ја имал и дворската титула пансебастос себастос.[1][2] Според записите од современикот историчар Никита Хонијат, Теодор се плашел дека ќе ја сподели судбината на Месопотамиски, aпа така својата моќ ја употребувал со воздршка. Тој бил нервозен бидејќи не сакал да ја вознемири наследната аристократија која доминирала на царскиот двор која му ја поткопала позицијата на Месопотамиски. Ова било до тој степен што не се ни обидел да ги спроведе реформите кои му биле мошне потребни на царството.[3]

Прогон и цркован кариера[уреди | уреди извор]

Во април во 1204 година, Константинопол паднал под нападот на крстоносците од Четвртата крстоносна војан, и како многу други челници, Теодор побегнал од градот и се засолнил во Мала Азија. Таму Теодор се замонашил.[1] Во 1209 година, новопрогласениот Никејски цар, Теодор I, го поставил на местото хартофилакс на Константинополскиот патријархат, воспоставен во прогон во Никеја. Ласкарис исто така му ја додели титулата хипатос тон филозофон,[1] престижна титула која му се доделувала на деканот на факултетот за филозофија во Константинопол.[4]

На 28 септември 1214 година, Теодор II бил избран за Вселенски патријарх од страна на патријахалниот синод. Неговото начелстување било означено со неговото спротиставување на католичката црква, особено околу леагалноста на Латинскиот патријарх и католичката контрола врз византиското населени кое било владеено од страна на латински принццови.[5]

Теодор II Цариградски починал на 31 јануари 1216 година.[5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 1,2 1,3 Vougiouklaki (2003), Chapter 1
  2. Brand (1968), pp. 143, 146–147
  3. Brand (1968), p. 147
  4. Kazhdan (1991), p. 964
  5. 5,0 5,1 Vougiouklaki (2003), Chapter 2

Извори[уреди | уреди извор]

Религиозни титули
Претходник
Михаил IV
Цариградски патријарх
Прогонет во Никеја

1214–1216
Наследник
Максим II