Анастасиј Цариградски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Анастасиј ЦариградскиВселенски патријарх од 730 до 754 година. Го наследил Герман I (715–730). Анастасиј бил длабоко вовлечен во спорот за иконите. Неговото мнение за иконите се сменило двапати. Првично тој се спротиставил, па ги подржал и на крај повторно им се спротиставил.

Живот[уреди | уреди извор]

Во 726 година императорот Лав III објавил указ со кој ја забранува употребата на слики во црквите. Неговите војници ги остраниле сите икони од црквите низ Византија.

Герман, тогашниот Вселенски патријарх се противел на овој указ. Тој напишал писмо со жалба до Грегориј II во Рим во 729 година. Императорот Лав подоцна го сменил Герман како патријарх. Грегориј се спротиставил на указот на Лав и побарал негово повлекување, но Лав одбил да го стори тоа.

Анастасиев патријахат[уреди | уреди извор]

Лав го назначил Анастасиј за Вселеснки патријарх во 730 година најмогу поради неговата подршка на иконоборството. Спорот околу оваа политика ќе го подгрева и одржува раздорот меѓу источната и западната црква. Папата Грегориј II починал во 731 година, но неговиот наследник, Грегориј III, продолжил да се спротиставува на оваа политика, до тој степен што повикувал на вооружен бунт против властите во Италија.

Во 731 годинаref>Fine 1991, p. 116</ref> или 733 година[1] или пак до 740 година, Лав III ги придодал Илирик и Јужна Италија (Сицилија и Калабрија) под раководство на Анастасиј, одземајќи му го управувањето на папата со истите.[2]

Во 741 година Лав починал и бил наследен од неговиот син Константин V, кој веднаш морал да го напушти главниот град за да ја одбрани источната граница од нападите на омејадите. Константиновиот зет Артавазад, кој бил куропалат („господар на палатата“), и управувал со Опсикија и Ерменија, го искористил отсуството на императорот од главниот град за да го завзмене тронот. За да ја доби подршката на оние кои се спротиставувале на иконоборството, Артавазад го повлекол и себе си се прогласил за „Заштитник на светите икони.“ Анастасиј брзо го сменил своето гледиште и станал поборник за иконите, откако Артавзад ги вратил назад во црквите. Анастасиј дури и го екскумуницирал Константин V и го прогласил за еретик.

Константин го обединил лојалните делови од својата армија и се упатил кон Константинопол во 743 година. Го поразил Артавзад и го погубил. Анастасиј бил сменет, камшикуван и ослепен и подцна парадиран низ градод во срам.[3] По ова Анастасиј повторно го сменил своето гледиште кон иконите, започнал повторно да се спротиставува на иконите, по што бил помилуван од императорот и повторно станал патријарх. Анастасиј живеел се до 754 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. A collection of dated Byzantine lead seals, page 47: "733... Church of Constantinople"
  2. Treadgold, Warren (1997). A History of the Byzantine State and Society. Stanford: University of Stanford Press. стр. 354–355. ISBN 0-8047-2630-2. 
  3. Milman 1867, стр. 370

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  • Milman, Henry Hart (1867). History of Latin Christianity: including that of the popes to the pontificate of Nicolas V. (1867 издание). J. Murray.  - Total pages: 443
Религиозни титули
Претходник
Герман I
Цариградски патријарх
730–754
Наследник
Константин II