Антим IV Цариградски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Вселенскиот патријарх Антим IV

Антим IV ЦариградскиВселенски патријарх во два наврати во периодот меѓу 1840 и 1841 година, и во периодот од 1848 до 1852 година. Роден е во Истанбул (Константинопол) и служел како канцелар во Цариградската патријаршија пред да биде избран за митрополит на Конија во периодот од 1825 до 1835 година, и Лариса во периодот од 1835 до 1837 година, и Никомедија во периодот од 1837 до 1840 година.

Тој бил избран за патријарх во 1840 година, но бил разрешен од страна на отоманскиот султан Абдул Меџит I во 1842 година по што се повлекол на Принцевските Острови. Повторно бил избран за патријарх во 1848 година. За време на второто начелствување бил в тајни преговори со грчката црква која самостојно прогласила автокефалност во 1833 година. Во 1850 година издал Патријахален и синодски указ прогласувајќи ја автокефалноста на грчката црква во согласност со каноните.

Во 1852 година повторно бил разрешен и се повлекол на Принцевските острови каде останал се до својата смрт во 1878 година.

Наводи[уреди | уреди извор]

Религиозни титули
Претходник
Григориј VI
Цариградски патријарх
1840–1841
Наследник
Антим V
Претходник
Антим VI
Цариградски патријарх
1848–1852
Наследник
Герман IV