Еремија I Цариградски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на прегледникот Прејди на пребарувањето
Еремија I
Цариградски патријарх
Ieremias i.jpg
ЦркваЦариградска патријаршија
In office31 декември 1522 - април/мај 1524
24 септември 1525 - 13 јануари 1546
ПретходникТеолепт I
Јоаникиј I
НаследникЈоаникиј I
Дионисиј II
Лични податоци
Починал13 јануари 1546
Враца
Претх. службаАрхиепископ на Софија

Еремија I (грчки: Ιερεμίας Α΄, починал во 1546 год.) двапати бил Вселенски патријарх, од 1522 до 1524 и од 1525 до 1546 година.[1]

Живот[уреди | уреди извор]

Еремија се родил во Зица во Епир[2] и израснал без настава.[3] Тој станал архиепископ на Софија во или пред 1513 година.[4] На 31 декември 1522 тој станал цариградски патријарх.[5]

Набрзо по неговото избирање, тој патувал во Кипар, Египет, Синај и Палестина. За времепрестојот во Ерусалим, свештенството и првенците на Константинопол го депозиционирале во април или мај 1524 и на негово место го избрале митрополитот на Созопол, патријархот Јоаникиј I. Еремија реагирал и заедно со патријасите на Александрија и Антиохија кои ги повикал во Ерусалим, го изопштил Јоаникиј.[6] Тој бил вратен во Константинопол на 24 септември 1525 година.[1]

Во 1537 Еремија постигнал, кај султанот Сулејман Величествениот, да се запре претворањето на црквите во џамии во Константинопол, но оваа одлука не била прифатена од Сулејмановите престолонаследници.[7] Еремија починал на 13 јануари 1546 во градот Враца, додека патувал кон Влашка.

Забелешки[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Kiminas, Demetrius (2009). The Ecumenical Patriarchate. Wildside Press LLC. стр. 38,46. ISBN 978-1-4344-5876-6. 
  2. "Jeremias I". Ecumenical Patriarchate. конс. 30 May 2011. 
  3. R. Janin. (1956). „Costantinople, Patriarcat grec“. Dictionnaire d'histoire et de géographie ecclésiastiques 13. Paris: Letouzey et Ané.
  4. Тютюнджиев, Ив., Мутафова, Кр. История на българския народ през XV-XVII в. в таблици, схеми, карти, и тестове. Велико Търново, 1994, 38.
  5. „Jérémie I“. Dictionnaire d'histoire et de géographie ecclésiastiques 28. (2003). Paris: Letouzey et Ané.
  6. R. Aubert. (2000). „Joannikios I“. Dictionnaire d'histoire et de géographie ecclésiastiques 27. Paris: Letouzey et Ané.
  7. Runciman, Steven (1985). The Great Church in captivity : a study of the Patriarchate of Constantinople from the eve of the Turkish conquest to the Greek War of Independence. Cambridge University Press. стр. 190. ISBN 978-0-521-31310-0. 

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

  • Στρουμπάκης, Μιχαήλ (2005). Ιερεμίας Α' - Πατριάρχης Κωνσταντινουπόλεως (1522-1546) Ο Βίος και το Έργο του. Athens: Phanárion. ISBN 960-8116-08-2.  (грчки)