Алексиј Цариградски
Алексиј Цариградски — Вселенски патријарх, член на Студискиот манастир (основан 462), наследник на Евстахиј во 1025 година, и последен патријарх назначен од стѕрана на Василиј II.
Патријахат
[уреди | уреди извор]Алексиј си задал задача да ја реформира црковната институција харистике. Институцијата наречена харистике дореа (подарок), што неодамнешните проучувања ја вметнуваат по периодот на победата на православието (843). Делотворно, станува збор за подарување на манастирите на приватнни лица кои на никаков начин не се поврзани со основачите, во кус временски период. Наводно омислено на таков начин што зградите на манастирот можно е да се поправат и зачуваат и имотот да се стави во употреба, истовремено да се зачуваат и заштитат духовните функции, но всушност било злоупотребувано од страна на велепоседниците и високите црковни достојници алатка која се користела против силното манастирско уравување.[1] Алексиј се обидел да се замеша во најлошо злоупотребените харистики назначувајќи преку синодска легислатива, канцеларот на патријархот хартофилакс, како официјално лице кое ќе го надгледува и ќе го има последниот збор при одобрувањето на сите грантови во системот. Алексиј го ограничил давањето на харистике на недиоценски манастири. Фактот што Алексиј започнал реформа наместо да го укине харистике дореа покажува дека црквата била немоќна да си го поврати имотот кој го поседувала моќната земјопоседничка елита.[2]
Тој ги поддржал ревносните дејства на Јован Малатиски чиј интерес бил да се ограничи влијанието на Сириско јакобитската црква на југоистокот од Византија, особено во новоосвоените теми месопотамија и Газиантеп. Поради оваа причина Сиро-јакобинскиот патријарх Јован VIII бар Абдун бил уапсен и донесен на судење во Цариград и присилен да живее во манастир на ридот Ганос. Во 1034 го крунисал Михаил IV, миленикот на византиската царица Зоја, коај за да му го обезбеди местото, го нарачала убиствот на нејзиниот сопруг царот Роман III Аргир. Тој ги обелоденил обидите на Јован Орфанотроф (братот на царот) да се стекне со патријахалното место во 1036 година, кој пак починал во 1043 година.
Типикон
[уреди | уреди извор]Алексиј Цариградскиистотака воспоставил манастир за кој го напишал правилото (типикон) кое подоцна било употребено како правило на Киевско-печерската лавра.
Денес сè уште постојат укази кој се донесени од негова страна.[3][4][5] Тој е познат по високиот стил користен при пишувањето на указите кои опстоиле до денес.
Синодски укази
[уреди | уреди извор]Синодските укази се невообичание поради нивниот број и прецизното датирање.
1027 (Грумел 832)
1027 (Грумел 833)
1027-1030 (Грумел 834)
1028 (Грумел 835)
1030 (Грумел839)
1038 (Грумел 840)
1034 (Грумел 841)
1037 (Грумел 842)
1038 (Грумел 844)
1038 (Грумел 845)
1039 (Грумел 846)
1030-1040 (Грумел 848)
надополнет (Грумел 847,849, 850)
Литература
[уреди | уреди извор]- F. Lauritzen, Against the Enemies of Tradition, Alexios Studites and the Synodikon of Orthodoxy in A. Rigo and P. Ermilov, Orthodoxy and Heresy in Byzantium, Roma 2010.
- J. Thomas and A. Constantinides, eds., Byzantine Monastic Foundation Documents. Washington, D.C: Dumbarton Oaks, 1998.
- A. Pentkovsky, Typikon Patriarxa Aleksija Studita v Vizantii i na Rusi, Moscow 2001,
Наводи
[уреди | уреди извор]- ↑ Thomas and Constantinides, eds., pp. 49, 305. See also: "The Middle Byzantine Period"", accessed at http://www.fhw.gr/chronos/09/en/k/867/main/k10a.html, Jan 2011.
- ↑ Thomas and Constantinides, eds., p. 204.
- ↑ ap. Jus Gr. Rom. vol. i. lib. iv. p. 250, Leunclav. Francof. 1596
- ↑ Christie, Albany James (1867). „Alexius I of Constantinople“. Во William Smith (lexicographer) (уред.). Dictionary of Greek and Roman Biography and Mythology. 1. Boston: Little, Brown and Company. стр. 131.
- ↑ Johann Albert Fabricius, Bibliotheca Graeca vol. xi. p. 558.
Духовни титули | ||
---|---|---|
Претходник Евстахиј |
Цариградски патријарх 1025–1043 |
Наследник Михаил I |
Оваа статија вклучува текст од објавено дело кое сега е во јавна сопственост:Smith, William, уред. (1870). „потребно е име на статијата“. Dictionary of Greek and Roman Biography and Mythology.CS1-одржување: ref=harv (link)
|