Григориј IV Цариградски

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Григориј IV Цариградски
Цариградски патријарх
Црква Цариградска патријаршија
Назначен 12 април 1623
Службата завршила 18 јуни 1623
Претходник Кирил I
Наследник Антим II
Лични податоци
Претх. служба Митрополит на Амасија

Григориј IVВселенски патријархво период од два месеци 1623 година.

Живот[уреди | уреди извор]

Пред да биде избран за патријарх Григориј IV бил митрополит во Амасија. Во периодот на неговиот избор, тој бил стар и не гледал со едното око, па така го добил надимакот слепецот од Амасија.[1]

Неговото кусо начелствување не се смета за прдолжение на судирот меѓу оние кои го поддржувал прокалвинистичкиот патријарх Кирил I, кој бил поддржан пак од холандскиот и англискиот амбасадори, и противниците кои пак биле поддржани од францускиот, австрискиот и венецискиот амбасадори во Цариград. Вторите биле поуспешни и го убедиле Големиот везир да го расчини Кирил на 12 април 1623 година и на негово место да го назначи слепиот и стар Григориј IV. Митрополитите и епископите не биле задоволни со изборот на Григориј IV, кој бил неканонски избран од Светиот синод. Па така на 18 јуни 1623 година Светиот синод го расчинил Григориј IV и официјално го избрале Антим II за патријарх.[2][1]

По смената, Григориј IV бил протеран на островот Родос.[3] Датумот на неговата смрт останува непознат.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 C. Emerau. (1926). „Lucar Cyrille“. Dictionnaire de Theologie Catholique 9. Paris: Letouzey et Ané.
  2. Frazee, Charles (2006). Catholics and sultans : the church and the Ottoman Empire, 1453-1923. London: Cambridge University Press. стр. 85. ISBN 0-521-02700-4. 
  3. Kiminas, Demetrius (2009). The Ecumenical Patriarchate. Wildside Press LLC. стр. 39. ISBN 978-1-4344-5876-6. 
Претходник
Кирил I
Цариградски патријарх
1623
Наследник
Антим II