Јован IX Цариградски

Од Википедија — слободната енциклопедија

Јован IX ЦариградскиВселенски патријарх во периодот од 1111 до 1134 година. Тој бил внук на истакнат митрополит од Халкедон.[1]

Тој бил клерик во самото училиште, филозофска гранка од црковната хиерархија, и се издигнал низ ранковите на патријахалното свештенство.[1] Тој се обидел да ја смени секуларната практика свештенството да се појавува како правници во граѓанските спорови. Долгогодишен филозоф, се обидел повторно да ја состави, сега растурената, збирка на книги во главниот град, бидејќи во истиот не постоела библиотека. Му станало практика да ги ги собира збирките книги на починатите моќни луѓе, и потоа му наредувал на свештенството да направи копии од истите. Неговите мерки во голем обем го зголемиле бројот на наслови во Големата Црква во која работеле учителите.[2]

Во религиозните работи, го туркал обидот да се создаде патријахално свештенство, наместо да се гради манастирско братство, tавторитативниот глас на православието.[3] Тој исто така свикал собор во Цариград во 1117 година која ги осудила учењата на Евстрахиј Никејски и несторијанците, и пкрај одбраната понудена од страна на патријархот.[4] За време на неговиот патријархат Алексиј I се обидел да ја премости Големиот раскол меѓу православната и католичката црква но не успеал, бидејќи папата Паскал II кон крајот на 1112 година побарал од Вселенскиот патријарх да го признае папата како владетел над „сите цркви Господови во светот“. Ова било нешто што патријархот не можел да го стори поради противењето на голем број од свештенствотo, монаштвото и мирјаните.[5]

Извори[уреди | уреди извор]

  • Ecumenical Patriarchate Архивирано на 24 септември 2015 г.
  • Hussey, J.M.. The Orthodox Church in the Byzantine Empire. Oxford: University Press, 1986.
  • Paul Magdalino The Empire of Manuel Komnenos. Cambridge: University Press, 1993.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. 1,0 1,1 Magdalino, p. 275.
  2. Magdalino, p. 323-325.
  3. Magdalino, p. 306.
  4. Hussey, p. 151.
  5. Hussey, pp. 170-171.
Духовни титули
Претходник
Никола III
Цаиградски патријарх
1111–1134
Наследник
Лав